Папата: Длабоко сум нажален од веста за трагичното пукање во Флорида

Папата: Длабоко сум нажален од веста за трагичното пукање во Флорида

Во телеграмата до архиепископот на Мајами, монс. Томас Венски, папата Фрањо ја изразува „својата духовна близина до сите оние кои се погодени од трагичното пукање“ во гимназијата “Маџори Стоунман Даглас“ во Флорида.„Длабоко сум нажален од веста за трагичното пукање“ во гимназијата “Маџори Стоунман Даглас“ во Флорида, која ги однесе животите на 17 лица. Во телеграмата до архиепископот на Мајами, монс. Томас Венски, папата Фрањо ја изразува „својата духовна близина до сите оние кои се погодени од овој катастрофален напад.“ Освен тоа, во телеграмата со сочувство се вели дека Папата се „моли за жртвите и за утеха на сите повредени и засегнати. Со надеж за прекинување на таквите слични акти на бесмислено насилство, Светиот Отец го повикува за сите „божествениот благослов на мирот и силата.“

На 14-ти февруари 19-годишно момче почна да пука во средното училиште Маџори Стоунман Даглас во Флорида, каде што 17 лица загинаа. Ова е 18-тиот случај на пукање во училиште во САД оваа година.

Повеќето од жртвите биле во гимназијата, иако некои тела биле пронајдени и надвор. Истрелите во зградата започнале непосредно пред крајот на часовите во 14.30 по локално време. Сторителот бил вооружен со полуавтоматска пушка, со која пукал во секој кој ќе му се нашол на патот. Засега причините за нападот не се прецизирани.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот