Колку многу се важни во семејствата дедовците и бабите за пренесување на човечкото наследство и верата, кои пак се важни за секое општество – со оваа Твитер порака, објавена на 9 јазици на профилот @Pontifex, папата Фрањо го потсети целиот свет на централната улога на старите лица. Според зборовите на Папата, тие се чувари и заштита на ова наше слабо и несигурнo општество.
Не е можно да се заборават зборовите на Папата упатени до членовите на Националното друштво за стари работници, со кои се сретна во октомври 2015 во Ватикан, во рамки на прославата за Денот на дедовци и баби.
Кон старите лица Црквата гледа со наклонетост, благодарност и со голема почит – рече тогаш Папата. Вашата присутност е важна, бидејќи вашето искуство е скапоцено богатство, многу потребно како на иднината би се гледало со надеж и одговорност: Вашата зрелост и мудрост, собрани низ годините, можат да им помогнат на младите (…) Старите лица, имено сведочат дека и во тешките искушенија не смее да се изгуби довербата во Бог и подобра иднина. Тие се како стебла кои и понатаму даваат плод. И покрај товарот на годините, сепак можат да дадат свој посебен принос за општество богато со вредности и за потврда на културата на живот – рече папата Фрањо.
Папата упати бројни мисли и мудри изреки за дедовците и бабите, општо за старите лица, во овие четири години од понтификатот. Папата Фрањо не крие дека е горд на својата возраст. На Литургијата служена по повод 25 години од неговото бискупското ракополагање, пред присутните кардинали рече: Некој кој не нѐ сака, за нас зборува дека сме геронтокрациска Црква… тоа е потсмевање (…) Сепак ние дедовците сме повикани да сонуваме – истакна тогаш папата Фрањо.