Папата: Да се чува срцето од страста и световната врева
Христијанинот треба да научи да го чува своето срце од страстите и световната бучава за да биде во секој момент подготвен да ја прими Божјата милост – рече Папата на светата Литургија на 15 јуни во капелата на домот Света Марта.
Според зборовите на Светиот Отец постои привилегиран момент за примање на бесплатниот дар на Божјата милост, а тој момент е сега. Христијанинот затоа треба да има будна совест и срце подготвено да го прими Божјиот дар – како што се изрази Папата – без „световната врева“ која станува „ѓаволска врева“.
Во денешното литургиско читање свети Павле опоменува „да не ги примате залудно милостите Божји“; милостите кои се гледаат сега. Тоа значи – рече Папата – дека во секое време Господ одново ни ја дарува својата милост. Да ја примиме, внимавајќи на другото предупредување на апостолот: „Никому никаков повод не даваме.“
Тоа е соблазната на така наречениот христијанин кој оди во црква и на неделна Литургија, но не живее како христијанин, туку како лаик или поганин. Заради тоа Павле предупредува на залудното примање на благодатта. Но, како исправно да ја прифатиме? Пред сè – рече Светиот Отец – треба да се биде внимателен за да се виде „привилигираниот“ момент кога Бог поминува во нашето срце.
Од таквата внимателност христијанинот го чува своето срце и го одделува од секоја врева која не доаѓа од Господ; од работите кои го одземаат мирот. Тоа е срце ослободено од страстите, кое Исус во евангелискиот дел го резимира во начелото „око за око“, а кое пак го заменува со начелото „свртување на другиот образ“ и одење две милји со оној кој те присилува на една.
Понизноста и кроткоста го чуваат срцето, а никогаш борбите и војните. Тоа е врева: световна врева, поганска или ѓаволска врева – нагласи Светиот Отец. Потсети уште еднаш на зборовите на свети Павле. „Никому никаков повод да не даваме, за да се напаѓа нашата служба.“ Треба да се чува срцето за да бидеме секогаш Божји или како што пишува апостолот, во сè се препорачуваме за служители Божји: во неволјите, во потребите, во тескоби, при рани, во темници, во скитања, во напори, во бденија, во пости.
Истакнувајќи дека во тие тешки околности треба да го чуваме своето срце за да го примиме бесплатниот Божји дар, Папата рече дека свети Павле објаснува како тоа се прави: со чистота, со знаење, со долготрпеливост, со добрина, со Духот Свети; односно со понизност, добродушност и трпеливост кои се засноваат единствено на Бог со отворено срце за Господ кој поминува.
РВ/Д.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк