На прес конференција за новинарите на 21 август 2018 година Грег Бурке директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, ја презентира програмата за посетата на папата Фрањо на Ирска, на 25 и 26 август оваа година.
Папата Фрањо ќе ја оствари својата 24. Aпостолска посета од својот понтификат со посетата на Ирска, на 25 и 26 август за да се придружи на IX. Светска средба за семејства во Даблин. Светската средба на семејства која ќе се одржи на тема „Евангелието на семејството: Радост за светот“, започна во вторникот на 21 август, а ќе заврши во недела.
Грег Бурке директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престл одржа прес конференција за новинарите во вторникот на 21 август, презентирајќи ја програмата за посетата Папата на Ирска. Тој истакна дека главните точки на дводневната посета на Папата ќе бидат Фестивалот за семејствата во саботата вечер на стадионот „Кроук парк“ и завршната света Литургија во неделата на „Финикс парк.“
Бурке рече дека таа ќе биде кратка но интензивна посета обележана со посебни моменти на молитва. Луѓето ќе го видат Папата зборувајќи и славејќи со семејствата од целиот свет – рече Бурке.
Во саботата ќе се одржи посебен настан во катедралата, каде што Папата ќе се сретне со млади брачни парови кои неодамна се венчани или кои планираат да се венчат наскоро.
Според распоредот на Папата, Светиот Отец ќе се помоли во тишина во капелата „Пресветата Евхаристија“ во катедралата „Свeета Марија“ каде гори свеќа со години за жртвите на злоупотреба.
Бурке призна дека посетата на Ирска нема да биде лесна додавајќи ги неодамнешните настани таму. Сепак „јасно е дека Папата оди во Ирска со една причина, а тоа е Светската средба на семејствата и на тоа ќе го стави акцентот.“
Се планира во текот на 36 часа престој во Ирска, Папата да одржи шест големи говори.
Ватикан њуз/к.мк