Папата: Да се молиме за жртвите на мафија

Папата: Да се молиме за жртвите на мафија

Да се молиме за сите жртвите на мафија, да се молиме за сила за да одиме понатаму, да продолжиме да се бориме против корупцијата – на денот на сеќавањето на 25-годишнината од мафијашкото крвопролевање во Палермо.

Да се молиме за сите жртвите на мафија, да се молиме за сила за да одиме понатаму, да продолжиме да се бориме против корупцијата – на денот на сеќавањето на 25-годишнината од мафијашкото крвопролевање во Италија, во сицилијанскиот град Палермо на улицата д’Амелио во тој град, папата Фрањо својот глас го воздигна по пат на порака објавена на својот профил на Твитер @Pontifex, само на италијански јазик.

Бидејќи убиството на судијата Паоло Борселино и неговите пет телохранители, на 19 јули 1992 година, како и убиството, само 57 дена порано, на неговиот пријател Џовани Фалконе, на неговата сопруга и тројцата припадници на обезбедувањето, се злостори, болен резултат на одвратното зло, израз на културата на смртта која се противи на Евангелието, а која ја валка Италија речиси двесте години. Денес се бројни иницијативите во знак на сеќавање на тие настани, но и насочени на обновена обврска за храбра борба во заштита на законитоста и праведноста.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот