Папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Италијанското здружние против леукемија и лимфома и посебни мисли упати до болните, уверувајќи ги дека во своето страдање не се сами.
Не се лекува само болеста, некој орган или клетките, туку човекот во целост – рече папата Фрањо примајќи ги во аудиенција членовите на Италијанското здружение против леукемија и лимфома (AIL), по повод 50 годишнината од неговото основање. Зборувајќи им на присутните кои беа околу 6000 луѓе меѓу кои поголемиот број волонтери, но и пациенти и нивните семејства, лекари и научни истражувачи, Папата ја истакна важноста на човекот во неговата целина на телото и духот. Освен тоа улогата на лекар, болничар, биолог и лабараториски техничар Папата ги гледа се поодлучувачки на полето на духовноста.
Светиот Отец потсети на големите дарови кои Господ им ги дал на луѓето меѓу кои науката која ја смета за силно средство за подобро разбирање на природата која нè опкружува, но и човечкото здравје. Црквата го пофалува и охрабрува секој напор во истражувањето и примената, кои се насочени на лекувањето на луѓето кои страдаат – рече Светиот Отец и изрази благодарност до присутните за сè што нивното здружение направило во изминатите пет децении.
Научното истражување, здравствените услуги и формација на персоналот – се главните подрачја на делување на здружението кои ги истакна папата Фрањо. Оние кои се занимаваат со научно истражување – рече, ја изразуваат биолошката димензија на човекот за да го заштитат од болеста со превенција и со поуспешни терапии. Преку здравствените услуги се блиску до оние кои страдаат и ги придружуваат во нивното страдање за никој да не се чувствува сам или да добие чувство дека општеството сака да го отфрли. Со формацијата на персоналот пак се нуди стручна работа на здравствените работници кои се повикани секојдневно да живеат во опкружување со страдање – рече папата Фрањо.
Светиот Отец потоа посебно го истакна изворедното сведоштво на великодушно волонтерство на голем број мажи и жени кои соработуваат со здружението и го даруваат своето време за да бидат со болните. Како Марија која останала под Исусовиот крст, така и волонтерите се покрај кревотот на болните, а тоа дава голема утеха. Станува збор за нежност и утеха кои се остваруваат со заповедта на взаемната и братска љубов која ни ја даде Исус – рече папата Фрањо и додаде дека таа грижлива близина сè повеќе е потребна на болен на хематологија.
Забележувајќи потоа дека долгиот престој во изолираните болнички оддели тешко се поднесува затоа што болниот може да се почувствува одвоен од светот, од односот со другите, од секојдневниот живот, Папата на сите болни кои имаат такво искуство им порача дека не се сами. Господ кој имал тешко искуство на болка и крст, Тој е со нив. Присуството на големиот број луѓе кои ги делат со нас тие тешки моменти се очигледен знак на Исусовото присуство и утеха, како и на Неговата Мајка, Дева Марија, Мајка на сите болни – истакна Папата и на крајот посака нивнатата работа достојна за пофалба повеќе да го сензибилира секој човек за културата на дарување и грижа за другиот.
Ватикан њуз/к.мк