Немојте да го жртвувате ритамот на селскиот начин на живот заради заработката – рече папата Фрањо на членовите на Меѓународното католичко здружение на земјоделци (ICRA) со кои се сретна на 10 декември 2016 година.
Станува збор за невладина организација која промовира еколошка, социјална и економска одржливост на земјоделството како и на меѓународната безбедност на храната.
Папата го пофали здружението за неговата грижа за селскиот живот, а која се темели на визијата на католичката социјална наука. Тој истакна дека тоа е израз на императивот да се „обработува и поддржува светската градина“(Laudato Si’, 67), а станува збор за задача на која сме повикани ако сакаме да ја продолжиме создателската активност Божја и заштитата.
И покрај тоа што земјоделството е од централна важност за човекот, Светиот Отец рече дека е парадоксално што тоа повеќе не се смета за примарна активност на економијата, сепак продолжува да биде важна за развојната политика и за решавањето на проблемите со безбедноста на храната како и за животот на селските заедници.
Папата предупреди дека е опасно да се гледа земјоделството исклучиво од економска страна. Папата ги повика земјоделците заработката да не им биде над сѐ, па така да го жртвуваат ритамот на земјоделскиот начин на живот со времето за работа и одмор, со неделните одмори и грижата за семејството.
Светиот Отец истакна дека нивното здружение покажува дека е можно да се однесуваш како христијанин во конкретниот селски начин на живот, каде важноста на човечката личност, семејството и заедницата како и чувството за солидарност претставуваат важни вредности, дури и во ситуации на значајна неразвиеност и сиромаштво.
Папата се надева дека никогаш нема да се најдеме во улога на „неми сведоци на страшните неправди“ како што знае да се случи кога „мислиме дека можеме да оставaриме значајна корист така што остатокот на човештвото, сегашното и идното, да плаќа висока цена од пропаѓањето на околината“ (Laudato Si’, 36).
На крајот папата Фрањо на членовите на Меѓународното католичко здружение на земјоделци им рече дека се повикани да предлагат трезвен начин на живот и култура на земјоделската работа, кој својот темел и цел ја има во средиштето на човечката личност, отвореноста и расположливоста за другите и во великодушноста.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк