Папата Фрањо, во пресрет на Светскиот ден на бегалците, кој го иницираа Обединетите нации, уште еднаш упати апел: „Земјите нека работат на обезбедување хумани услови и да го олеснат процесот на интеграција“. Папата исто така повторно поттикна на молитва за земјите погодени од војни: „Да молиме за Украина, Светата Земја, Судан, Мјанмар и за сите места каде што тие страдаат поради војната, која е пораз од самиот почеток“. Посебен поздрав до „благородниот и храбар“ кинески народ
На крајот од Генералната аудиенција на 19 јуни 2024 година, папата Фрањо, поздравувајќи ги присутните верници, упати поттик, апел и поздрав. Поттик за прифаќање, придружување и интегрирање на бегалците кои тропаат на нашите врати, во пресрет на Светскиот ден посветен на нив. Поттик да продолжиме да се молиме за мир во подрачјата зафатени од војна, која е пораз од самиот почеток. Поздрав упати и – како што рече – до благородниот и храбар кинески народ.
Примање, промовирање, придружба и интеграција
По завршувањето на катехезата за Светиот Дух и молитвата, папата Фрањо на плоштадот Свети Петар, во поздрав на италијански јазик, потсети дека на 20 јуни, е Светскиот ден на бегалците, настан од Обединетите нации за да се признае силата, храброст и истрајност на милиони луѓе принудени да бегаат во светот поради војни, насилство, прогонство и кршење на човековите права.
Мислејќи токму на овие луѓе, Римскиот бискуп изрази надеж дека годишнина ќе биде можност да насочи внимателен и братски поглед кон сите оние кои се принудени да ги напуштат своите домови во потрага по мир и сигурност. Истовремено, тој повтори четири глаголи кои со години ги посочува како пат за справување со миграциската криза.
Сите сме повикани да ги примиме, промовираме, придружуваме и интегрираме оние кои ни тропаат на врата. Ги молам државите да се ангажираат за да обезбедат хумани услови за бегалците и да го олеснат процесот на интеграција.
Војната е пораз од самиот почеток
Темата за миграцијата е драматично испреплетена со војната. Како и секогаш во секоја јавна пригода, папата Фрањо ги поттикна илјадниците верници присутни на плоштадот Свети Петар, како и оние поврзани од целиот свет, да не се уморат да се молат за мир и за луѓето кои среде бомбардирања, глад, насилство од разни видови, ги гледаат само како илузија.
Да продолжиме да молиме за мир. Војната е секогаш пораз, од самиот почеток. Да молиме за мир во упатената Украина, во Светата Земја, во Судан, Мјанмар и секаде каде што луѓето страдаат поради војна, секој ден да молиме за мир.
Молитва до Дон Михал Рапач, маченик на комунизмот
Папата се помоли за мир и застапништво на дон Михал Рапач, млад полски свештеник, маченик на комунизмот, кој беше прогласен за блажен на 15 јуни во Краков. Во својот поздрав до полските ходочесници, на крајот од Генералната аудеинција, спомнувајќи го новиот блаженик, Светиот Отец поттикна неговото сведоштво, во овие времиња обележани со војни, да стане знак на Божја утеха.
Неговиот пример нека нè научи да бидеме верни на Бога, на злото да одговараме со добро, да придонесуваме за градење на братски и мирен свет. Блажени дон Михала, застапувај се за Полска и за мир во светот!
Кинескиот народ е благороден и храбар
На крајот, Папата ги насочи своите мисли кон Кина. Имено, тој ги поздрави „Пријателите на Михал Рапач “, здружение посветено на првиот апостолски делегат на кинеско тло. Членовите на здружението учествуваа на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар, придружувани од бискупот од Конкордија-Порденоне, Џузепе Пелегрини. На 20 јуни ќе учествуваат на конференција во спомен на надбискупот Костантини, која ќе се одржи во Папскиот универзитет Урбанијана, на кој исто така ќе присуствува државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, по повод 100-годишнината од Concilium Sinense во Шангај, односно на првиот и единствениот собор на Католичката црква во Кина, кој го посакуваше и го иницираше токму кардиналот Костантини. За Папата тоа беше можност да го поздрави „драгиот кинески народ“.
Секогаш да молиме за тој благороден народ, толку храбар, со толку убава култура.
Ватикан нуз/к.мк