Папата даде задача: Дознајте го датумот на вашето крштение

Да помислиме само на какво достоинство нè издигнува Крштението: се нарекуваме деца Божји и сме – истакна Светиот Отец пред молитвата Ангел Господов во неделата 10 јануари 2016 година, на празникот Крштение Господово,

Светиот Дух во христијанското крштение е главниот работник: Он е тој го изгорува и уништува изворниот грев, враќајќи ја на крстениот убавината на божествените милости; Он е тој кој нè ослободува од власта на темнината односно од гревот и нè воведува во царството на светлината односно на љубовта, вистината и мирот. Да помислиме само на какво достоинство нè издигнува Крштението: се нарекуваме деца Божји и сме – истакна Светиот Отец пред молитвата Ангел Господов на денешниот празник Крштение Господово.

Фактот дека сме деца Божји вклучува и одговорност да Го следиме Исус и да ги усвојуваме неговите својства: благост, понизност, нежност. Тоа не е лесно посебно ако околу нас владее нетрпеливост, горделивост и тврдоглавост. Но е можно со силата која доаѓа од Светиот Дух – нагласи папата Фрањо.

Напомена дека Светиот Дух кога прв пат сме го примиле на нашето крштение го отвора нашето срце за вистината, нè поттикнува на љубов и солидарност со ближните, дарува божествена прошка и нè исполнува со милосрдието на Отецот. Да не заборавиме дека Светиот Дух е живо и животворно присуство во оној кој го прифаќа – рече Папата.

Истакна на денешниот празник да размислуваме и за денот на сопственото крштение и да се заблагодариме за тој дар. Затоа Папата ги праша собраните верници кој од нив се сеќава на датумот на своето крштение. На оние кои не го знаат им даде задача – како што рече – домашна задача: дознајте го датумот на сопственото крштение – од родителите, семејството или од парохијата. Важно е да го знаете тој датум – тој е денот на нашето раѓање како деца Божји – рече папата Фрањо и додаде: Да се слави денешниот празник значи да се потврди нашата приврзаност на Исус, трудејќи се да живееме како христијани, членови на црквата и новото човештво во кое сите сме браќа.

По молитвата Ангел Господов даде посебен благослов за сите деца кои неодамна се крстени како и за младите и возрасните кои неодамна ги примиле светите Тајни на христијанската иницијација или за нив се подготвуваат. На крајот сите ги потсети на двете задачи: да го дознаат датумот на сопственото крштение и да не заборават да молат за Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот