Папата: Давајте плодови од заедништвото со Христос
Со крштението сме „накалемени“ на Христос, примивме бесплатен дар на нов живот, а благодарејќи на Црквата можеме со неа да останеме во заедништво – истакна папата Фрањо на попладневниот говор во недела 3 мај на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Меѓутоа треба да се одржува верност кон крштението, посебно со светите Тајни Евхаристија и Помирување.
Светиот Отец потсети дека неделното евангелие го претставува Исус на последната вечера, кога за последен пат се наоѓа со своите ученици. Поради тоа сака силно да им ја втисне оваа основна вистина: кога нема да биде физички присутен меѓу нив, тие и понатаму ќе можат да останат соединети со Него на еден нов начин и така да донесуваат „многу плод““. Напротив, ако тоа заедништво со него го изгубиме, стануваме стерлини; всушност штетни за заедницата. За да ја искаже таа вистина, Исус ја користи сликата за лозата и прачките: „Како што прачката не може да роди плод сама од себе, ако не е на лозата, така и вие, ако не бидете во Мене.“
Прачките не се доволни сами на себе, туку целосно зависат од лозата, која е извор на нивиот живот. Така е и со нас христијаните и нашата поврзаност со Христос – нагласи Папата. Ако сме соединети со Исус, тогаш ги уживаме даровите на Светиот Дух: љубов, радост, мир, великодушност… за доброто на ближните и општеството. Според тоа, навистина, се препознава вистинскиот христијани; како што по плодовите се препознава стеблото.
А заедништвото со Исус преку Светиот Дух ја преобразува целата личност – рече Папата и објасни: Примаме нов начин на постоење. Христовиот живот станува наш: можеме да мислиме како него, да правиме како него, да го гледаме светот со очите на Исус. Поради тоа, можеме да ги видиме нашите ближни, започнувајќи од оние кои се во најголема потреба и оние кои страдаат.
По молитвата Царице небесна, Светиот Отец потсети дека во саботата е прогласен за блажен Луиџи Бордино, посветен лаик од заедницата на Браќата на свети Џузепе Котоленго, кој целиот живот го посвети на болните и страдалниците. Поздравувајќи ги собраните поклоници Папата го истакна друштвото Метер, присутни по повод „Денот на деца жртви од насилство“. „Сите треба да се застапуваме секоја личност, а посебно децата, да бидат секогаш заштитени“ – рече Папата.
РВ/го*ко