Посетата на Ватикан беше прва меѓународна посета на претседателот Соуса по неговиот реизбор.
Во петок 12 март 2021 година, папата Фрањо Апостолската палата во Ватикан го прими во аудиенција претседателот на Португалија, Марсело Ребело де Соуса, кој подоцна се сретна со државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин и секретарот за односи со државите надбискупот Пол Ричард Галагер.
Според прес-службата на Светиот Престол, за време на посетата, која е прва странска посета на Претседателот по неговиот реизбор, изразено е задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Португалија, како и придонесот на Црквата во животот на земјата, надминување на последиците од кризата во системот на здравствена заштита, заштита на животот и мирен социјален соживот.
Во контекст на португалското претседателство со Европската Унија, страните се осврнаа на некои прашања од регионален и меѓународен карактер, како што се мултилатерализмот, надминување на вонредната состојба предизвикана од пандемијата и напорите за мир.
Ватикан њуз/к.мк