Папата го прими претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос
Ватикан, 13.5.2013 /к.мк/ – Колумбиската светица Мајка Лаура Монтоја, која вчера беше канонизирана на плоштадот Свети Петар и нејзиното послание беше централна тема на разговорот меѓу папата Фрањо и претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос. Аудиенцијата се одржа во Апостолската палата и траеше петнаесет минути, а акцентот на средбата беше ставен на „напорите на Црквата за промовирање на културата на дијалог и нејзините напори во служба на човечкиот и духовниот напредок”, се вели во соопштението од Ватикан. Освен тоа во предвид беа земени и предизвиците кои стојат пред државата, посебно социјалната нееднаквост.” На средбата исто така се разговарало и за „мировниот процес и жртвите од конфликтот” во земјата, со желба „обврзаните страни во процесот на преговорите да бидат водени од искрена потрага на општото добро и помирувањето”. На крајот од средбата беа подвлечени „напорите на Црквата за заштитата на животот и семејството”. (го*ко)