Папата го прими премиерот на Кувајт

Папата Фрањо во среда 10 септември 2015 година го прими на аудиенција Јабер Ал-Мубарак Ал-Хамад Ал-Сабах, кувајтскиот премиер, кој потоа се сретна со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и надбискупот Паоло Галагер, Секретар за односи со државите. Според изјавата на прес-службата на Светиот Престол за време на срдечната средбата се разговарало за различни теми од заеднички интерес, меѓу кои и за позитивниот придонес на христијанското малцинство во кувајтското општество. Соговорниците, исто така, ја истакнале важноста на воспитувањето во промовирањето култура на меѓусебна почит и мирен соживот меѓу припадниците на различни народи и вери.

Надбискупот Галагер и кувајтскиот премиер потпишаа договор за соработка помеѓу Државниот секретаријат и Министерството за надворешни работи на Кувајт. Со тоа, сака да се зајакнат билатералните односи, да се поттикне соработката и мирот, како и регионална и меѓународна стабилност.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот