Папата го прими поглаварот на Англиканската црква

Ова е наша средба, средба на сопатници, ходочасници на патот кон Божјото Царство – рече папата Фрањо, примајќи го во понеделник 16 јуни во Ватикан надбискупот од Кантербери и англиканскиот поглавар Џастин Велби, кој од сабота се наоѓаа во посета на Рим.

Надбискупот Вебли престојува во Рим со точно одредена задача: јакнење на борбата против современите облици на ропство, за што се застапува и папата Фрањо.

Не можеме да се правиме дека нашата раздвоеност не е срамота и препрека за навестување на Евангелието, рече папата Фрањо, обраќајки се на надбискупот Вебли и целата англиканска заедница. Нашиот поглед често е замаглен од теретот предизивикан од историјата на нашата поделба, а нашата волја не е секогаш ослободена од човечката амбиција, која понекогаш ја следи и нашата желба за навестување на Евангелието според Господовите заповеди – рече Папата. Потоа Светиот Отец потсети на Вториот ватикански собор, кој даде поттик да се продолжи негувањето на екуменските односи.

Полното единство можеби изгледа далеку, но тоа е секогаш целта кон кој треба да го упатиме секој чекор од екуменскиот пат низ кој минуваме заедно – напомна Светиот Отец и ја спомна работата на Меѓународната англиканска-католичка комисија и Меѓународната англиканска-католичка комисија за единство и послание, за да може во конструктивен дух да се соочи со старите и новите предизивици на екуменското ангажирање. Врз тие темели, со надеж гледаме на идинината истакна Папата.

Говорејќи потоа за заедничките грижи, болки и злото од кое е погодено човечкото семејство, при што посебно ја истакна ужасната трговија со луѓе. Светиот Отец поттикна на заедничко ангажирање и постојаност во борбата против новите облици на ропство, уверени дека можеме да допринесеме за ублажување на страдањата на жртвите, како и во борбата против таквата трговија. На крајот папата Фрањо ги поттикна присутните претставници на Англиканската заедница да не ја заборават молитвата, мирот и сиромаштвото, како би можеле да чекориме заедно, рече на крајот Светиот Отец.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот