Светиот Отец во понеделник 21 март 2021 година го прими во аудиенција претседателот на Либан, Мишел Аун, кој потоа се сретна со државниот секретар, кардинал Пиетро Паролин и со секретарот за односи со државите, монс. Пол Ричард Галагер.
За време на срдечните разговори во Државниот секретаријат беше нагласена важноста од добрите билатерални односи меѓу Светиот Престол и Либан, кој оваа година одбележува 75. годишен јубилеј.
Соговорниците разговараа за сериозните социо-економски проблеми со кои се соочува земјата, како и за ситуацијата со бегалците, со надеж дека меѓународната помош, претстојните парламентарни избори и неопходните реформи ќе помогнат да се зајакне мирниот соживот меѓу различните верски конфесии кои живеат во земјата на Кедрите.
Исто така разговараа и за катастрофалните последици од експлозијата во пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 година, со осврт на барањата за правда и вистина изразено од семејствата на жртвите.
Ватикан њуз/к.мк