Папата го прими кардинал Филони

Папата Фрањо на 21 август го прими кардиналот Филони, кој се врати во Рим од мисијата во Ирак, како личен претставник на Папата. Кардиналот во таа земја се задржа повеќе од недела дена за да ја однесе конкретната солидарност на Папата со прогонетите кои џихадистичкото насилство ги истера од нивните домови. За средбата со Папата кардинал Филони лично зборуваше за Радио Ватикан и истакна дека со тоа што Светиот Отец сакал веднаш да го прими по враќањето од Ирак го покажува фактот за неговото чувство и интересирање за состојбата во таа земја. Сакаше директно од мене да слушне што сум видел и што сум слушнал откако ги посетив нашите христијани, јазидите, и за сѐ друго во текот на престојот во Ирак. Внимателно ме слушаше и си зеде на срце сѐ што му зборував: за очекувањата на нашите христијани, за загриженоста и намерите на Црквата. Со задоволство ги слушаше насоките кои ги прифати месната Црква.

Мислам дека сега веќе сите се свесни колку е итно потребно да се сместат прогонетите семејства – рече потоа кардиналот Филони. Мислам дека сите можеа да видат во какви услови живеат; секаде каде е има тревник или некоја соба или било какво место кое им е ставено на располагање сѐ е зафатено. Освен тоа, треба да се води сметка дека во најтоплиот период од годината кога температурата достигнува 47-48  степени неопходно потребно и е засолниште, вода,… сетоа тоа апсолутно веднаш им е потребно за да им се помогне на тие луѓе, најмногу на децата, старите луѓе, болните – рече кардиналот. Најважно е да се помогне на тие луѓе, да им се пружи засолниште. А после тоа – како што рече кардиналот – сите со вистинското прашање колку ќе трае таквата состојба, што може да се очекува. Што се однесува до тоа, ние секако имаме надеж, но треба да се види реалноста. Нашите христијани, од кои многумина сакат да се вратат, сакаат, меѓутоа, да видат дека нивните села го имат појасот за сигурност; бараат да биде по можност меѓународен кој би им гарантирал враќање во нормалниот живот – рече кардинал Филони.

На новинарска забелешка, се чини дека по варварското убијство на американскиот новинар доаѓа до одреден пресврт, кардиналот истакна се додека установите се окупирани, луѓето нема да ја вратат довербата и тие нема да почнат да се враќаат во своите куќи и на своите активности. Затоа, ако постои некој почеток да се надеваме дека ќе се конкретизира; да се надеваме дека на тие луѓе ќе им биде загарантиран појас со сигурност. Дури тогаш по тоа прашање тоа би било напредок – рече кардиналот.

Осврнувајќи се потоа на самата посета на Ирак, на својата мисија, кардиналот повторно истакна дека таа ппсета беше пред сѐ односно речиси исклучиво, хуманитарна. Од тој аспект немаше, ниту политички или други прашања кои влегоа на подрачјето на мојата мисија. Среќен сум што можев да отидам во таа посета, бидејќи тоа за мене беше и враќање во таа земја која веќе долго ја познавам и ја сакам; затоа ми беше драго да видам многу луѓе кои се ангажираат во давањето помош, а така можев и да упатам зборови за надеж, доверба и охрабрување. На нив многу им беа потребни да ги слушнат – рече кардиналот.

На новинарска забелешка дека се зборува за помеѓу 120 и 130 илјади прогонети и додека ние зборуваме за бројки кардиналот ги видел нивните лица. Кардинал Филони истакна дека секако најсилни се оние сцени кои се однесуваат на луѓето кои изгубиле сѐ. Но, таму состојбата е таква што и оние кои изгубиле сѐ, но успеале да го спасат животот се сметаат за среќни – нагласи кардиналот и посебно ги спомна јазидите, во чии заедници мажите се убиени, а жените се киднапирани, силувани, продавани. Тоа навистина е мачно. Нивните лица, се лица на луѓе кои гледаат во празно, кои се изгубени.

Да помислиме – додаде – на пример на тоа дека жената на Блискиот Исток секогаш мора да има до себе маж – татко, брат или свршеник – кој според тамошната кутура, е како гаранција за нејзиниот живот. А сега, жената која нема ниеден маж, кој ќе може да се грижи за неа, каква е нејзината иднина? Таму не е како на запад, каде што жената може и сама да си го уреди животот со сопствените сили и способности. Тоа тогаш станува многу мачно; погледот на тие жени кои седат, уморни, без израз на лицето, тоа е многу потресно – рече кардиналот и на крајот истакна дека неговите надежи се еднакви со надежите на тие луѓе. Ако успееме да им загарнтираме сигурност за нивно враќање… тоа е и мојата надеж – истакна на крајот кардинал Филони.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот