Папата го прими италијанскиот премиер Енрико Лета

Ватикан, 4.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во четврток 4 јули го прими во приватна аудиенција италијанскиот премиер Енрико Лета, кој потоа оствари средба и со Државниот секретар кардинал Тарчизио Бертоне и секретарот за односи со државите монсињор Доминик Мамберти. За време на разговорите станало збор за социјалната ситуација во Италија и главните предизвици за граѓаните, институциите и Европската унија, посебно за примена на мерки, кои ќе создаваат и ќе го помагаат вработувањето меѓу меѓу младите – се вели во соопштението од Ватикан. Покрај тоа, беше истакнат позитивниот придонес на италијанските семејства и црковните институции кој го даваат за стабилноста на земјата. Се разговарало и за некои теми од меѓународната политика со посебна загриженост за случувањата во земјите од медитеранскиот и блискоисточниот регион. На крајот е истакнат заедничкиот став дека треба да се продолжи во духот на взаемна соработка за просперитет на италијанскиот народ и за доброто на меѓународната заедница. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<