На 17 октомври 2016 година Светиот Отец го прими во аудиенција словенскиот претседател Борут Пахор кој потоа се сретна и со државниот секретар кардинал Пиетро Паролин и монс. Паоло Ричард Галагер секретар за односи со државите.
Во срдечниот разговор соговорниците се присетија на солидните билатерални односи кои ги одбележаа последните 25 години, колку што траат дипломатски помеѓу двете држави. Шефовите на двете држави се осврнаа на некои теми од заеднички интерес кои се однесуваат на актуелната состојба во Словенија.
Истакнати се добрите односи на црковните и државните власти во Словенија и важноста за дијалогот во унапредувањето на билатералните односи за доброто на словенското општество, посебно за младите генерации.
Соговорниците на двете страни разговараа и за меѓународната ситуација со посебен акцент на локалните предизвици со кои Европа се среќава денес.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк