Папата го прими во аудиенција канадскиот амбасадор

Папата Фрањо на 15 декември 2014 година го прими во аудиенција Денис Савој, новиот канадски амбасадор при Светиот Престол, по повод почетокот на неговиот четиригодишен дипломатски мандат. „Се почувствував многу привилегиран што Светиот Отец ме прими. Се сретнав со човекот кој е многу, многу едноставен, многу пријатен; прави да се чувствуваш опуштено. Беше тоа навистина добра средба“, рече Савој за аудиенцијата со Светиот Отец.

Во разговорот за Радио Ватикан, амбасадорот истакна дека неговиот приоритет е да воспостави мрежа внатре која треба да ги воочи подрачјата на можна соработка помеѓу Канада и Светиот Престол за доброто на човештвото. Осврнувајќи се на улогата на верата во својата работа, рече дека е „многу среќен“ што израснал во „многу силно католичко семејство“ и смета дека припадноста на Колумбовите витези, изворно американско братство, кое многу е вклучено во каритативна работа, ќе му помогне во неговата сегашна работа.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот