Папата го прими Апостолскиот нунциј во Сирија

Светиот Отец во понеделник 31 март 2014 го прими во аудиенција архиепископот Марио Зенариј, апостолски нунциј во Дамаск, кој го запозна со драматичната состојба на населението во Сирија.

Осврнувајќи се на средбата со папата Фрањо во разговор за Радио Ватикан, нунцијот рече дека е извонреден, посебено духовен, за сите кои имаат прилика и можност да се сретнат со Светиот Отец. Тоа е нешто посебно за нунциј кој доаѓа од земја, која страда во тригодишна војна и кој чувствува дека на Папата му ја донесува болката, страдањето и надежта на еден народ. Тешко е да се опишат емоциите на ова средба, која траеше околу триесет минути. Тоа е тешко да се објасни – рече нунциј Зенариј.

На прашање за очекувањата и надежите на Папата за Сирија, рече како му е познато дека Папата ги следи и во срцето ги носи страдањата на народот, дека секој ден ги следи случувањата во Сирија. Дојдов кај Папата затоа што забележав дека конфликот во Сирија и на меѓународно ниво како и други слични конфликти, за жал заминуваат во заборав, а болно е да биде заборавена драмата и страдањата, не на некои луѓе туку на цел народ. Ме охрабри знаењето дека Светиот Отец во срцето секогаш го носи страдањето на сирискиот народ – рече нунциј додавајќи:

Освен тоа, ме задолжи сите, без разлика, да ја изразам неговата близина: со христијани и целото население. Сите се восхитуваат на Папата: христијани и муслимани, обични граѓани и јавни управители. Во Сирија се враќам охрабрен и на сите ќе им кажам дека Папата секогаш мисли на сирискиот народ, кој ужасно трпи – истакна нунциј Зенариј.

На прашање за ситуацијата во Сирија, рече дека овој е многу чуствителен и многу критичен период и не е лесно  да се разбере состојбата. Треба да се молиме на Бог да го поштеди народот од страдање. Би сакал сите да го прифатат апелот, да бидат повеќе луѓе, а кога ќе се вратам во Сирија гласно ќе го кажам апелот на Папата и сакам сите да го послушат – заврши нунциј Зенариј.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот