Папата го предводеше Крстниот Пат во Колосеумот
Во текот на последнатапрозба ги спомна христијаните кои се убиваат заради нивната вера со „варварски сечила среде кукавичкиот молк“ и фактот дека Средоземното и Егејското Море станаа ненаситни гробишта“, обвинувајќи ја затоа „нашата рамнодушност и анестезирана совест.“
Папата Фрањо на Велики Петок го предводеше Крстниот Пат во Колосеумот. Во текот на последнатапрозба ги спомна христијаните кои се убиваат заради нивната вера со „варварски сечила среде кукавичкиот молк“ и фактот дека Средоземното и Егејското Море станаа ненаситни гробишта“, обвинувајќи ја затоа „нашата рамнодушност и анестезирана совест.“
По размислувањата за постојките од Крстниот Пат кој го напиша кардинал Гвалтиеро Басети, Папата ја преводеше долгата завршна молитва во која зборуваше за неморалноста и егоизмот на луѓето, но и за спасоносната сила на Христовиот крст. Во серијата повици за Исусовиот крст Папата го наведе злото и доброто за кое човекот е одговорен.
О, Крсту Христов и денес те гледаме во нашите браќа и сестри убиени, живи запалени, заклани и обезглавени со варварски сечила … – рече папата Фрањо во еден од повиците. Исто така според молитвата на Папата крстот Христов го гледаме на лицата од луѓето кои бегаат од војната и насилството само за да ја „пронајдат смртта и многу Пилати кои ги мијат своите раце“; „во неверните слуги кои наместо да се лишат од празните амбиции, дури и невините ги лишуваат од нивното достоинство“ и во „научниците на смртта, а не на животот кои наместо поучување за милосрдието и животот се закануваат со казна и смрт и кои ги осудуваат праведниците.“
Папата исто така го осуди фундаментализмот и тероризмот кои го обесчестуваат Божјото име и го користат за да го оправдат незамисливото насилство, потоа трговијата со оружје која поттикнува војни, корупција, уништување на околината и напуштање на старите луѓе и оние во потреба. „О, Крсту Христов денес исто така те гледаме во оние кои сакат да те отстранат од јавните простори и да те исклучат од јавниот живот во името на паганскиот лаицизам или еднаквоста на која што самиот си нè поучил“ – рече Папата.
Меѓутоа истакна дека светлината на Христовиот Крст можеме да ја видиме и во лицата на луѓето со посветен живот, во добрите Самарјани кои „оставаат сè за да ги повијат раните на сиромаштвото и неправдата“. Христовиот крст го гледаме – додаде – во семејствата кои верно и плодно го живеат своето брачно звање, во едноставните и великодушни луѓе и во волонтерите кои им помагаат на оние во потреба.
Крстот покажува дека Бог љуби сѐ до крај и заради тоа треба да го повикуваме – за да нè научи дека светлината на зората е посилна од темнината на ноќта и привидната победа на злото се растопува пред празната гробница. Ништо не може да ја порази, замрачи или ослаби љубовта Божја – рече на крајот од молитвата Светиот Отец.
РВ/к.мк