Папата го посети Државниот Секретаријат
Ватикан, 12.4.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо во петок наутро го посети Државниот Секретаријат на Ватикан. Со неговата посета, која не беше планирана во денешната програма, им се заблагодари од сè срце на вработените во Секретаријатот за „нивната интензивна работа“, рече папата. Тој беше примен од државниот секретар Тарчисио Бертоне, кој се заблагодари на Светиот Отец за неговата посета и говореше во име на сите вработени дека живоста на неговиот понтификат предизвика промени во ватиканските служби.
Категорија:
Ватикан