Во недела на 28 февруари папата Фрањо се приклучи во апелот на нигериските бискупи за ослободување на 317 киднапирани девојчиња на северозападот на земјата.
„Се придружувам на нигериските бискупи во осудата на кукавичкото киднапирање на 317 девојчиња кои беа однесени од нивното училиште во Јангебе на северозападот на земјата. Се молам овие девојчиња што побрзо да се вратат во своите домови. Ја изразувам мојата блискост со нивните семејства и со нив самите. Заедно да се молиме Богородица да ги чува“, рече Папата во обраќањето по молитвата Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк