Папата го именува Словенецот фра Кметец за надбискуп на Измир

Папата го именува Словенецот фра Кметец за надбискуп на Измир

На празникот Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица, 8 декември 2020 година, Светиот Отец го именува фра Мартин Кметец, ОФМ конвентуалец за надбискуп и митрополит на Измир (Смирна) во Турција, соопшти Канцеларијата за печат при Светиот Престол.

Папата Фрањо го прифати повлекувањетоа на монс. Лоренцо Пирета, ОП и го назначи Словенецот отец Мартин за негов наследник.

Мартин Кметец е роден на 10 ноември 1956 година во Птуј. Вечните завети во фрањевската словенечката провинција Свети Јосиф ги дава на празникот Свети Фрањо Асишки на 4 октомври 1982. На Универзитетот во Љубљана стекнува докторат на тема поврзана со дијалогот и религијата. За свештеник е ракоположен на празникот Свети Петар и Павле на 29 јуни 1983 година.

Извршувал повеќе служби во неговата монашка заедница: ректор на семинаријата, мисионер во Либан, викар на Провинцијалната кустодија на Исток и Светата Земја, член е на манастирот Света Марија во Бујукдере, каде што е гвардијан од 2018 година.

Покрај словенечки зборува турски, француски, италијански и хрватски јазик.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот