На непријатните прашања кои ги поставува Господ не смееме да даваме компромисни одговори
Како и на Каин, така Господ денес и на нас го упатува прашањето: Каде е твојот брат? – рече папата Фрањо на светата Литургија во понеделник 18 февруари 2019 година, која ја служеше во капелата на домот Света Марта и поттикна: Лично одговорите, но не со компромисни одговори како би побегнале од проблемот. Имено, Папата потсети дека се работи за болен, затворен и гладен брат, како што пишува во 25. глава од Евангелието според Матеј.
Настанот за Каин и Авел, за кој зборува првото читање од Литургијата (Битие 4,1-15.25) е дел од литературниот правец, кој често се повторува во Библијата; можеме да го наречеме ‘непријатни прашања и компромисни одговори’ – рече Папата и објасни: Имено, навистина е непријатно прашањето кое Бог го упатува до Каин: „Каде е братот твој?“ Во тој случај одговорот е малку компромисен, но и одбранбен. Каква врска имам јас со животот на својот брат? Зар сум јас чувар на братот мој? Ги перам рацете од тоа. Така Каин настојува да побегне од Божјиот поглед.
Исус многу пати поставува непријатни прашања, па и на Петар, на пример кога ќе го праша три пати: Дали ме љубиш? Така Петар не знаел што да одговори – рече папата Фрањо и продолжи: Ги поставувал и на учениците: Што велат луѓето за мене: Тие одговориле: Дека си пророк, Иван Крстител…. А вие, што велите за мене? – ги прашува Исус. Значи непријатно прашање. Бог на Каин му упатува и друго прашање: Каде е твојот брат? Тоа е непријатно прашање, подобро и да не било поставено. Познаваме многу одговори: тоа е негов живот, го почитувам, ги перам рацетe од тоа… не се мешам во животите на другите, секој е слободен да го одбере својот пат… Во секојдневниот живот тие непријатни прашања на Господ ги одговораме со малку општи одговори, кои не кажуваат ништо, но сепак покажуваат сѐ она што ни е на срце.
Денес Господ на секој од нас го постаува тоа прашање: Каде е твојот брат? – рече Папата и додаде: Можеби некој, кој е малку растресен ќе каже дека е дома со својата сопруга, но се работи за гладен, болен, затворен и прогонет брат заради праведа. Каде е твојот брат? Не знам. Но твојот брат е гладен! Да, да, сигурно е на ручок во парохискиот Каритас, сигурно ќе го нахранат. Со тие компромисни одговори ја спасуваме својата кожа. А другиот, болниот брат: Дали сте сигурни дека е во болница!? Во болницата нема место! Има ли лекови? Тоа е негова работа, не можам да се мешам во животот на другиот. Веројатно има роднини кои ќе му дадат лекови. Ги переме рацете.
Каде е твојот брат, затвореник? – продолжи папата Фрањо со прашањата и одговорите: Па, да го исплатува она што го заслужи. Тоа што го направи, нека си го плати. Уморни сме од тие криминалци на улиците, нека плати Но, ќе беше подобро никогаш да не го слушнавме тоа прашање кое ни го поставува Господ. „Каде е твојот брат?“ Каде е твојот искористуван брат, оној кој работи на црно, девет месеци за да продолжи после три месеци, уште година дена? На тој начин нема осигурување и одмор. Некој ќе рече: Денес нема работа, мора да се прифати она што се може. Тоа е уште еден компромисен одговор.
Ова Господово слово секој мора да го земе како да е упатено до нас лично – рече Папата и нагласи: Господ ме прашува: Каде е твојот брат? и ги спомнува браќа кои се наведени во 25. глава во евангелието според Матеј: болни, гладни, жедни, голи, оној мал брат кој не може да оди на училиште, зависници, затвореници… Каде е тој? Каде е твојот брат во твоето срце? Има ли место за тие луѓе во нашето срце: Или само зборуваме за луѓето и настојуваме да си ја олесниме совеста давајќи милостина. Некој ќе каже: Црквата нека не смета повеќе на својата социјална наука, затоа што така наликува на комунистичка партија и тоа нѐ боли. Во ред, но Господ прашува: Каде е твојот брат? Не партијата, туку Господ. Навикнавме да даваме компромисни одговори како би побегнале од проблемот, како не би гледале и допирале.
Направете попис на сите оние кои Господ ги спомнува во 25. глава од евангелието според Матеј – поттикна Папата и предупреди: Инаку започнувате да создавате живот во темнина „Гревот е како ѕвер на прагот“ – му вели Господ на Каин. Кога го живееме тој живот во темнина, не земајќи во рака она што нѐ научи Господ Исус, на нашите врати се наталожува грев и чека да влезе, и да нѐ уништи.
Да си поставиме и друго прашање, кое се наоѓа во книгата Битие, кое Бог го упатува до Адам откако го направи гревот: Адаме, каде си? Адам се сокри поради својот срам и страв. Камо среќа и ние да ја почувствуваме таа срамота. Каде е вашиот брат? Каде сте вие? Во кој свет живеете што не сте свесни за тие работи, тие страдања и болки: Каде ви е братот: Каде сте? Не сокривајте се од реалноста. На тие два прашања од Господ одговорете отворено, предано, и секако радосно – рече на крајот Светиот Отец.