Папата e голем водач и близок на малите

По повод втората годишнина од понтификатот на папата Фрањо, патер Антонио Спадаро, уредник на исусовското списание ‘Чивилта Католика’, во интервју за Радио Ватикан разговараше за разноврсноста на понтификатот на папата Фрањо.

Ова е „разноврсен понтификат“ во кој е нагласена силно пораката на милосрдието, а го обележува новиот говор кој што е одраз на водството, секому разбирливо. Тоа се некои карактеристики на понтификатот, кои ги истакна патер Антонио Спадаро, уредник на исусовачкото списание „Чивилта Католика“ зборувајќи за Радио Ватикан, по повод втората годишнина од понтификатот на папата Фрањо.

Ова е важен момент, во тек се, имено различни процеси кои ги отвори папата Фрањо, во прв ред колегиумскиот процес кој што тој смета дека е многу важен. Целата Црква е во раздвиженост, размислува и собира искуство. Затоа раководството на папата Фрањо е многу важно, а станува збор за значително морално раководство кое е способно да поттикне за гледање во Божјиот народ. Освен тоа, овој историски период е посебен, бидејќи е богат со настани, но и со тензии во светот, особено на Блискиот Исток. Во такви околности, Светиот Отец секогаш на своите меѓународни патувања го нагласуваше зборот „хармонија“ – рече патер Спадаро.

На прашањето за изборот на кардиналот Бергољо за папа, рече дека изборот прилично го изненадило. Се сеќавам дека некој ватиканист пола час пред изборот ме праша за можноста тој да биде избран. Тогаш со сигурност одговорив дека тоа е невозможно. Изборот прилично ме изненади, ме зачуди, а после тоа, ме изненади неговото однесување и неговиот говор. Всушност бев апсолутно изненаден –  рече уредникот на списанието ‘Чивилта Католика’.

На прашањето за главните карактеристики на ова папство, рече дека овој понтификат е разноврсен. Најмногу ме изненадува говорот на Папата, за луѓето многу разбирлив, дури би рекол дека е ‘уличен’ бидејќи сите го разбираат. Во овој едноставен говор препознатлива е лидерската способност, односно лидерството. Се сеќавам дека еден муслимански лидер, познаник на Папата, рече како светот во папата Фрањо доби лидер. Тој не е само католички лидер, туку исто така и морален светски лидер – рече патер Спадаро.

На прашањето каков е Светиот Отец: симпатичен, неугоден или пак нешто трето, рече дека го смета за соодветен за нашиот период. Гледајќи го со очите на верата, може да кажеме дека Бог во овој момент се погрижи за својата Црква; му го даде вистнскиот лидер кој народот го разбира и ја сфаќа неговата порака. Папата исто така е незгоден затоа што е евидентно дека неговата порака не е слатка или „зашекерена“, која често ја изнесува, туку повикува на посветеност, на секојдневна борба – потврди патер Спадаро.

На прашањето за јавните настапи на папата Фрањо, рече дека Папата чувствува како мора да го навестува Божјето милосрдие: тоа секогаш го повторува, на различни начини и на различни контексти. Бог не го мрази човекот, не е надгледувач или прогонувач на луѓето, туку милосрден Отец, кој ги прифаќа сите кои му се приближуваат, без оглед на нивната состојба. Со право може да кажеме дека мисионерскиот дух владее во понтификатот на папата Фрањо – заклучи Спадаро.

РВ/З.А.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Колумни, Свет

За авторот