Државниот секретар кардинал Пиетро Паролин го предводеше свеченото литургиско славење на празникот Света Богородица Марија во петокот на 1 јануари 2020 гдоина и ја прочита хомилијата која Папата ја приреди за таа пригода.
Оваа година додека се надеваме на препород и нови лекови да не ја занемариме грижата. Бидејќи освен вакцината за телото потребна е и вакцина за срцето: тоа е лек – порача Папата.
Желбата да можеме да ја прифатиме Мајка Божја преку која се среќаваме со Бог е повик да се грижиме за другите и надеж во препородот на целото човештво, се главните пораки на Папата до верниците на почетокот на новата година содржани во хомилијата за празникот Света Марија Богородица која ја прочита државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин кој наместо Папата кој заради ишијас е принуден да мирува, го предводеше свеченото литургиско славење во ватиканската базилика.
Да благословуваш, да родиш и да пронајдеш се три глаголи од денешната Литургија за кои Папата понуди толкување во првата овогодишна хомилија за празникот Марија Богородица и по повод 54. Светски ден на мирот. Благослов објаснува Папата не е замислен како побожен поттик, туку како точно одредено барање.
Важно е дека и денес свештениците неуморно го благословуваат Божјиот народ и дека сите верници се носители на благослов, да благословуваат. Господ знае дека ни треба да нè благословуваат: прво што направи по создавањето било тоа што за сè рекол дека е добро, а дека за нас дека тоа е многу добро да го каже.
Божјиот благослов влегува во сечиј живот секој пат кога срцето ќе се отвори за Исус. Потребно ни е да ја прифатиме Марија затоа што Она е Таа која ни го „донесува Божјиот благослов“, преку Неа сме благсловени, но учиме и да благословуваме затоа што Мајка Божја нè учи „дека благословот се прима за да се дава.“
И ние сме повикани да благословуваме, да зборуваме за доброто во Божјо име. Светот е сериозно затруен со тоа што лошо се зборува и што лошо се мисли за другите, за општетсвото па и за самиот себе. Но, квелетењето штети, сè изопачува, додека благословот раѓа нов живот, дава сила за нов почеток.
Да се родиш е вториот глагол. Тоа што Библијата ни го зборува е дека Божјиот Син е „роден од жена“ како и луѓето, „после девет месеци во крилото на својата Мајка“. Од тој момент „Марија нè здружува со Бог, затоа што во Неа Бог е врзан за нашето тело и никогаш не ја напуштил“, Таа е „мост помеѓу нас и Бог.“
Преку Марија се среќаваме со Бог како што Он сака: во нежноста, во блискоста, во телото. Да, затоа што Исус не е апстракна идеја, Тој е конкретен, овоплотен, роден од жена и трпеливо пораснал. Жените ја знаат таа стрплива конкретност: ние мажите често сме апстракни и веднаш нешто сакаме; жените се конкретни и знаат трпеливо да ги ткаат животните нишки. Колку жени, колку мајки на тој начин раѓаат и го обновуваат животот давајќи му на светот иднина – вели Светиот Отец во хомилијата за празникот на Богородица Марија.
Не сме во светот за да умреме, туку за да раѓаме живот, а „првиот чекор кон давањето на животот на она што нè опкружува е да го љубиме во себе.“ Доброто се раѓа од срцето кое мора да се одржува чисто, треба да се „чува внатрешниот живот, молитвата.“ Срцето треба да се учи да се грижи за другите, да се сакаат луѓето и работите, потребно е да се грижиме за „другите, за светот, за создадениот свет“, затоа што е целосно неважно објаснува Фрањо, да се познаваат луѓето и работите, „ако не се грижиме за нив.“
Оваа година додека се надеваме на повторно раѓање и на нови лекови да не ја занемариме грижата. Бидејќи освен вакцината за телото потребна е и вакцината за срцето: тоа е лекот. Годината ќе биде добра ако се грижиме едни за други, како што тоа Мајка Божја го прави со нас – истакнува Папата во хомилијата додавајќи дека оваа година благодарение на школото на Марија нè повикува да „пронајдеме време за некого“.
Времето е богатство кое сите го имаме, но на кое сме љубоморни, затоа што сакаме да го искористиме само за себе. Мора да молиме за милоста да најдеме време за Бог и за ближниот: за оние кои се сами, за оние кои страдаат, за оние на кој им треба некој за да ги слуша и да се грижи за нив. Ако најдеме време за давање, ќе бидеме восхитени и среќни како пастирите. Нека Мајка Божја која го донесе Бог во времето и ни помогне да го даруваме своето време – истакнува Папата на крајот од хомилијата.
Ватикан њуз/к.мк