Папата ќе ја предводи Светата Литургија во „Неделата на Словото Божјо“

Папата ќе ја предводи Светата Литургија во „Неделата на Словото Божјо“

Дикастеријата за евангелизација соопшти дека папата Фрањо ќе ја предводи светата Литургија во „Неделата на Словото Божјо“ во базиликата Свети Петар, која ја востанови во 2019 година како еден од начините за промовирање на проучувањето на Светото Писмо.

Папата Фрањо на 30 септември 2019 година го објави апостолското писмо motuproprium Aperuit ilis, во кое се одредува „третата недела во годината да биде посветена на празнување, размислување и ширење на Словото Божјо“.

Неделата на Словото Божјо ќе се празнува свечено за да се открие пасхалното и спасоносно значење на Божјото Слово, кое секогаш на нов начин поттикнува да се излезе од индивидуализмот и повторно раѓање за љубов.

Ватиканската дикастерија за евангелизација соопшти дека Светиот Отец ќе претседава со светата Литургија на „Неделата на Словото Божјо“22 јануарив 2023 година, со почеток во 9.30 часот во базиликата Свети Петар. Темата е избрана од од Евангелието според Иван кој гласи „И за она што виде и чу, за тоа сведочи“.

Мотивот за оваа посебна прослава беше замислен со цел да се разбуди одговорноста на верниците во нивното познавање на Светото Писмо. По тој повод ќе биде поделено Евангелието според Матеј.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот