Папата ги членовите на Синодот на Мелкитско католичката Црква

Папата ги членовите на Синодот на Мелкитско католичката Црква

Со срцето и во молитвата близу до христијанските заедници на Блискиот Исток, папата Фрањо упати зборови на охрабрување до членовите на Синодот на Мелкитско источно католичка Црква, кои ги прими во аудиенција на 12 февруари 2018 година.

Папата пред сѐ зборуваше за тешкотиите, во оваа историско време, за бројните христијански заедници на Блискиот Исток, кои – како што рече – се повикани да ја живеат верата во Господ Исус среде многуте искушенија. Искрено се надевам дека источно католичките мелкитски епископи и свештеници можат со своето сведоштво на животот да ги охрабрат верниците да останат во земјата во која божествената Провидност сакала да се родат.

Поводот за нивната посета на Рим е јавното изразување на црковното заедништво кое ќе се одржи утре наутро во текот на евхаристиското славење кое папата Фрањо го договори со новоизбраниот патријарх Јосеф Абси, во писмо од 22 јуни минатата година.

Постојана молитва за Црквата вкорената на Блискиот Исток

„Драги брате“ – со тие зборови папата Фрањо се обрати до источно католичкиот мелкитски Патријарх, гарантирајќи му ја постојаната близина во молитвата. Тоа е молитва која не може да биде разделена од онаа за саканата Сирија и за целиот Блиски Исток, подрачје на кое вашата Црква е длабоко вкоренета и на која извршува важна служба за доброто на Божјиот народ. Станува збор за присуство – потсети Папата – кое не се ограничува само на Блискиот Исток, туку се шири, и тоа веќе со години, во земји во кои голем број источно католички мелкитски верници се преселиле барајќи подобар живот. И на тие верници во дијаспората, како и на нивните пастири ги посветувам своите молитви и сеќавање – истакна папата Фрањо.

Потребни се заедништво, солидарност, сведоштво

Пастирите во овие моменти, како никогаш до сега се повикани пред Божјиот народ кој страда да го покажуваат заедништвото, единството, близината, солидарноста, транспаретноста и сведоштвото – истакна Папата осврнувајќи се повторно на писмото испратено до Патријархот и ги поттикна да продолжат да одат по тој пат. Потоа потсети на следниот Ден на молитва и пост за мир кој ќе се одржи на 23 февруари. Во таа прилика – рече – на посебен начин ќе си спомнам на Сирија, која последните години е погодена од неопишливо страдање.

Папата до епископите: Не е доволно да го одржувате тоа што веќе постои

На крајот папата Фрањо на источно католичките мелкитски епископи им даде посебна препорака за да бидат пастири кои го прифаќаат животот со ширината на Божјото срце, и тоа не опуштајќи се во земските задоволства, и не задоволувајќи се одржувајќи го она што веќе постои, туку треба секогаш да се стремат за повисокото. Пастирите – според зборовите на Папата – треба да бидат носители на Возвишениот, лишени од искушението да се одржат на ниско ниво. Пастирите се ослободени од ограничените мерки за млак живот полн со навики, сиромашни пастири кои не се врзани за парите и раскошот, среде сиромашниот народ кој страда; доследни навестители на воскресната надеж, во вечното одење со браќата и сестрите – рече папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот