Мафиите се присутни во различни делови на светот и искористувајќи ја пандемијата, се збогатуваат со корупција, предупреди папата Фрањо во обраќањето по молитвата Ангел Господов во недела на 21 март.
Денес во Италија е Ден на сеќавање и посветено залагање во спомен на невините жртви на мафијата. Мафиите се присутни во различни делови на светот и искористувајќи ја пандемијата, се збогатуваат со корупција. Свети Иван Павле II ја осуди нивната „култура на смрт“, a Бенедикт XVI ги осуди како патишта на смрт“. Овие структури на грев, мафијашки структури спротивни на Евангелието Христово, ја мешаат верата со идолопоклонството. Денес ги спомнуваме на сите жртви и ја обновуваме нашата посветеност против мафијата, рече Папата во обраќањето по молитвата Ангел Господов.
Ватикан њуз/к.мк