Папата ги прими членовите на Друштвото Свети Петар

По вчерашната мала температура треска, поради која е одложена посетата на Римската богословија, папата Фрањо денес 1 март редовно ги одржа аудиенциите предвидени за денешниот ден, меѓу кои беше и средбата со кардинал Оуелет и со уште една група шпански епископи кои се во посета ‘ad Limina’. Освен тоа, Светиот Отец во четврток упати порака до Друштвото Свети Петар кои се собраа на своето 145 генерално собрание.

Чинија супа за оној кој нема храна. Или пак кров над глава за оној кој ноќта би ја поминал на отворено. Солидарното делување кое друштвото Свети Петар го извршува веќе 145 години, е збир од интензивни, многу разграничени, каритативни проекти, но и многу повеќе од низа интервенции, во име на Папата, а во корист на оние кои се најмногу во неволја; нивното делување, имено, е Божјо милување.

Папата Фрањо тоа го истакна на членовите на друштвото во пораката која им ја испрати по повод нивното годишно Генерално собрание и кое во текот на заседанието го прочита префектот на Папскиот дом, архиепископот Георг Генсвајн. Бидете и понатаму видлив знак на Христовата љубов во поддршка на каритативни активности на Светата Столица во корист на најсиромашните и луѓето кои се најмногу во потреба, како и во услугите и приемот на поклониците кои доаѓаат во Рим од целиот свет – поттикна Светиот Отец.

Претседателот на друштвото, Леополдо Торлони, во своето излагање на собранието се осврна на пораката на Папата и истакна дека тоа Папско тело не е само – како што рече – Чинија супа од Папата– или пак ноќно прибежиште, повеќенаменски центар, куќа – семејство, или хоспитализација, туку тоа опфаќа и вечерно училиште, подготовка за прва Света Причест, катехетско училиште, училиште за гимнастика, Народен секретеријат, неделни Евангелија и сите дела остварени со желба да се одговори на материјалните и духовните потреби на различни социјани проблеми кои се појавиле во текот на овие 145 години – напомена преседателот на друштвото Свети Петар.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот