Папата ги прими учесниците на Генералното собрание на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација

Навестувањето на Евангелието денес повеќе се прифаќа преку сведоштво со живот кои го даваат „веродостојните“ лица, способни да зборуваат, како Исус, со јазикот на милосрдието, отколку со зборови – реќе Папата на 14 октомври примајќи ги на аудиенција учесниците на Генералното собрание на Папскиот совет за промовирање на новата евнагелизација, која ја предводеше архиепископот Рино Физикела.

На самиот крај од својот говор папата Фрањо ја истакна денешната сосотојба. Повеќе пати спомнав како во мојата служба повеќе пати ми остави впечаток кога сретнував деца кои не знаат ниту да се прекрстат! Во нашите градови! – истакна Папата. Тоа е знак на сегашната верска неписменост, која не треба да се коментира. И во таа смисла Светиот Отец говореше за „нова евангелизација“, која тој ја гледа во три точки: сведочење, потреба да се излезе во пресрет и во пасторалот да се концентрира на најважното.

За сведочење, посебно во ова време, потребни се веродостојни сведоци кои преку својот живот го прават Евангелеито видливо и кои поттикнуваат ангажирање за Исус Христос, за убавината Божја. Многумиина се оддалечени од Црквата, но погрешно е да се префрла вината од едни на други – забележи папата Фрањо и додаде, дека не треба да се зборува за тоа кој е виновен. Одговорност има во историјата на Црквата и во луѓето во неа, ги има и во некои идеологии, но и во поединци. Како деца на Црквата треба да продолжиме по патот на Вториот ватикански собор, да се ослободиме од непотребните и штетни работи, лажна световна сигурност, кои ја оптеретуваат Црквата и го оштетуваат нејзиното лице.

Светиот Отец потоа објасни каков треба да биде стилот со кој се навестува Евангелието, а тоа е оној кој Фрањо од Асизи го бараше од своите монаси, односно на светот кој не го познава Исус или кој е рамнодушен кон Него, треба да му се зборува со јазикот на милосрдието, кој сведочат со дела и однесување кои говорат повеќе од зборовите. Секој христијанин е „христофор“, односно носител на Христос, како што говореа оците – напомена Папата. Кој ќе го сретне Христос, како Самарјанката на бунарот, не може за себе да го задржи тоа искуство, туку чувствува желба да го подели, за да го донесе Христос и на другите. Сите треба да се запрашаме дали оние кои ги сретнуваме ја чувствуваат топлината на вера во нашиот живот, дали во нашето лице гледаат радост поради тоа што сме се сретнале со Христос! – истакна папата Фрањо.

Втората точка се однесува на одењето во пресрет кон другите. И тука папата Фрањо повторно истакна еден од клучните зборови карактеристични за неговиот понтификат, а тоа е „излегување“. Тоа е повик до христијанинот. Да се излезе кон другиот, со сите да разговара, без разлика дали имаат вера или не, и тоа без страв и – како што рече – не откажувајќи се од својата припадност. Црквата е повикана насекаде да ја разбуди таа надеж, а посебно таму каде што е загушена со тешките животни услови, понекогаш нечовечки, таму каде што надежта не диши, туку се гуши.

Потребен е кислород од Евангелието, здив од Духот на Воскреснатиот Христос, за да повторно ја запали надежта во срцата. Црквата е куќа на која вратите се секогаш отворени, и тоа не само затоа што секој во неа е прифатен и ја вдишува љубовта и надежта, туку затоа за да можеме и ние да излеземе и да ја понесеме таа љубов и надеж. Светиот Дух сите нас нѐ поттикнува да излеземе од своите огради за да нѐ води до перифериите на луѓето – истакна Светиот Отец.

Меѓутоа, патот до перифериите не подразбира пасторал на слепо. Пасторалниот план на Црквата не се препушта на случајност или импровизација. Потребно е заедничко ангажирање при подготовката на пасторален план кој ќе се потпира на важното и кој е добро утврден на важното, односно на Исус Христос – напомена Папата. Не користи да се растргнеме на бројни и споредни или непотребни работи, туку треба да се концентрира на важните работи, а тоа е средба со Христос, со Неговото милосрдие, Неговата љубов, и да се љубат браќата како што тој нас нѐ љуби. Таа средба со Христос треба да биде поклонување. Поклонување, толку малку користен збор. Да се поклонува на Христос! – истакна Папата и додаде – Тој план надахнат со креативност и имагинацијата на Светиот Дух, кој исто така нѐ поттикнува да одиме по нови патишта, и тоа храбро и не скаменети.

На крајот Светиот Отец им се заблагодари на катехистите. Нивната служба е скапоцена за новата евангелизација – напомена Папата и додаде дека е многу важно родителите да бидат првите катехисти, први воспитувачи во верата, во сопственото семејство и тоа со сведочење и со зборови.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот