Папата ги прими управителите на Сан Марино
Светиот Отец ги прими капетаните управители на Република Сан Марино, при што се истакнати добрите односи помеѓу Светиот Престол и Сан Марино
Светиот Отец во понеделник 16 март ги прими во аудеинцијата капетаните управители на Република Сан Марино, Џанкарло Теренци и Гуерин Заноти, кои потоа се сретнаа со Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин и архиепископот Паул Галагер, секретар за односи со државите – стои во соопштението од Канцеларијата за печат при Светиот Престол.
Во срдечните разговори изразено е задоволство од добрите односи меѓу Светиот Престол и Република Сан Марино, како и од корисната соработка помеѓу црковните и републичките институции на социјално поле. На крајот истакната е успешната соработка помеѓу Светиот Престол и Република Сан Марино во контекст на меѓународната заедница – стои во соопштението.
РВ/к.мк/го*ко