Папата ги прими на аудиенција епископите пријатели на фоколаринити
Повик за меѓусебна љубов, покрај личните, националните и разликите во возраста, упати Светиот Отец до епископите, пријатели на движењето Фоколарини, кои на 27 февруари ги прими во аудиенција, а кои во Кастел Гандолфо се собраа на 37-то меѓународно собрание кое се одржува на тема: „Вземноата љубовт помеѓу Христовите ученици.“
Говорејќи за собирот, Папата рече дека тоа е пригода за братски соживот и размена на духовни и пасторални искуства, а епископите ги потсети дека се повикани на тие средби да донесат „широк здив на Црквата“ и нивното духовно збогатување да биде во корист на целата Црква.
Денешното општество има голема потреба од живот од кој се гледа новоста која ни ја донесе Господ Исус: браќа кои се љубат, покрај личните, националните и разликите во возраста. Сведоштвото поттикнува на желба за вклучување во големата парабола на заедништво, што е Црквата – рече папата Фрањо.
Кога некој човек ќе забележи дека „меѓу Христовите ученици взаемната љубов е можна и дека е способна да ги преобрази меѓучовечките односи, тогаш чувствува повик – нагласи Папата – за да открие или повторно да го открие Христос, да се отвори за средба со Него, кој е жив и делува, да излезе од себе и да оди да ја шири надежта која му е дарувана – кажа Папата.
Осврнувајќи се на Апостолското писмо „Влегување во новиот милениум“ на блажен Иван Павле II, Папата рече дека Црквата треба да направи домашно и училишно заедништво, што е темелно за ефикасноста на евангелизацијата затоа што ја открива длабоката желба за Бог Отецот сите негови деца да бидат браќа, и желбата на Христовото срце „ сите да бидат едно“ како и „динамизмот на Светиот Дух, неговата сила на слободна и ослободувачка привлечност.“
Негувањето на духовност на заедништво нѐ оспособува за екуменизам и меѓурелигиски дијалог – рече папата Фрањо посакувајќи собирот во Кастел Гандолфо да биде пригода за раст во духот на заедништво и во взаемната љубов да најдеме поттик за храброст и обновена надеж – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.