„Во најтешките човечки ситуации неопходно е повеќе евангелизација со дела, отколку со зборови”. Ова го истакна папата Фрањо во своето обраќање кон Малите сестри на Исус кои ги прими во понеделник 2 октомври 2016 година во Ватикан, а по повод нивното Генерално собрание, кое се одржува во Рим на кое присуствуваат претставници од 28 земји од оваа монашка заедница.
Во својот говор Папата застана на три посебни карактеристики на богопосветените: насмевката, тишината, молитвата на колена и трпението. „Ми доаѓа на ум дијалогот помеѓу дабот и бадемот: Дабот вели на бадемот: „Зборувај ми за Бог”, и по одговорот бадемот расцвета. Тоа го посакува и Црквата од вас: да цветате, да напредува во делата на љубовта Божја”.
Светиот Отец потсети на основателката на оваа монашка заедница, малата сестра Магдалена Исусова и истакна дека по околу 80 години од основањето во заедницата има повеќе од илјада сестри кои денес се активни во целиот свет: „Тие не се таму главно, за да лекуваат, едуцираат или да воспитуваат во верата, туку за да љубат и да бидат со најмалите, како што правеше Исус, за да го навестуваат Евангелието преку едноставноста во животот обележан со секојдневна работа, присуство, пријателството и безусловен прием”.
Папата ги повика богопосветените да останат „слободни од секоја врска, слободни да ги љубат оние кои ќе ги сретнат на патот, секаде каде ве води Светиот Дух. Слободно да летате, слободно да сонувате”.
РВ/к.мк