Папата ги прими италијанските ученици
Во сабота на 10 мај стотици илјади ученици заедно со нивните наставници и семејства го наполнија плоштадот Свети Петар и улицата „Улица на Помирвање“ (Via della Conciliazione) за да учествуваат на свечената средба со папата Фрањо.
Средбата е дел од националната кампања организирана од Италјанската бискупска конференција за поддршка на училиштата под мотото @Црквата за училиштата“.
Целта на настанот е да се посведочи за тешкотиите во образование во Италија, како и за предизвиците кои влијаат на училиштата во државата.
Во своето обраќање папата Фрањо рече на учениците зошто тој го сака училиштето: прво, одењето на училиште ни помага да ги отвориме нашите умови и срца за реалноста; второ, тоа ни служи како важно место за средба во текот на нашите години во кои се формираме; и на крајот, одењето на училиште ни помага да го развиеме чувството за вистината, за доброто и за убавото.
Папата заврши потсетувајќи ги учесниците дека одењето на училиште треба да нѐ научи како да ги зборуваме трите јазици: јазикот на умот, јазикот на срцето и јазикот на рацете.
РВ/Д.И.