Папата ги поттикна христијаните во Тајван да се стремат кон единство

Папата ги поттикна христијаните во Тајван да се стремат кон единство

Папата Фрањо ги поттикна членовите на Националниот совет на Црквата во Тајван да продолжат со својата работа за едуцирање на младите генерации во уметноста на дијалогот, за да можат младите да станат актери на потребната култура на хармонија и помирување.

Папата се обрати на делегацијата на Советот која, на 7 декември ја прими во аудиенција, во Ватикан. Тој го спомна екуменскиот Совет воспоставен во 1991 година, со цел промовирање на полното христијанско единство и тоа со зацврстување на односите меѓу Црквите, промовирање на соработка, каритативни дела и образование, навестување на христијанската порака, и учество во заедничкото послание на Црквата во светот.

Светиот Отец на присутните им зборуваше за својата неодамнешна апостолска посета на Мајнамар и Бангладеш каде ја искусува живоста и ангажираноста на луѓето, како и лицето на човештвото кое страда, кое премногу често е лишено од материјалната и општествената благосостојба. Потоа ги истакна добрите дела на Советот и го изрази своето длабоко уверување дека како христијани сме повикани заедно да работиме на промовирањето на достоинството на секој човек.

Тој се заблагодари на присутните за нивната посветеност во промовирањето на поголемото единство меѓу христијаните, додавајќи дека со зацврстувањето на односите меѓу христијанските конфесии и заедничкото навестување на Исус, исто така по пат на каритативни дела и образовни проекти насочени кон младите, ќе се покаже корисно за општеството во целина.

Градењето на подобра иднина за сите – продолжи Папата – бара на посебен начин, едуцирање на младите генерации во уметноста на дијалогот за да можат младите да станат актери на потребната култура на хармонија и помирување. Тоа ќе ги поттикне младите со Божја помош да го следат патот кој води од конфликт кон заедништво, а станува збор за пат кој се покажа плодоносен на екуменското патување – рече папата Фрањо и го заврши својот говор поттикнувајќи ги сите да продолжат со заедничкото патување во првенството на љубовта кон полното христијанско единство.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот