Папата Фрањо му честиташе на спортското здружение Атлетика Ватикана за иницијативата за солидарност со сиромашните. Во саботата беше отслужена света Литургија за маратонците, предводена од надбискупот Галагер. Четири „ватикански“ штафети се именувани по енцикликите на папата Фрањо.
Честитки – со овие зборови, папата Фрањо на крајот од пладневниот неделен наговор им се обрати на учесниците на 27. Римски маратон, на кој многу спортисти – како што потсети Папата – на иницијатива на Атлетика Ватикана се приклучија на иницијативите за солидарност со луѓето во градовите кои живеат во неволја.
Силен повик за мир во Украина што е можно поскоро беше упатен во саботата од римската црква „degli artisti“ („црква на уметниците“), за време на светата Литургија за маратонците, организирана од Атлетика Ватикана во пресрет на маратонот. Евхаристиското славење го предводеше надбискупотт Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите.
Ватикан њуз/к.мк