Папата ги повика младите да не трчаат по „трговците со магла“

Папата Фрањо на средбата со младите пристигна со трамвај, а беше придружуван од лица со посени потреби. Откако пристигна во паркот Блонија папата Фрањо се премести во папамобилот и помина низ младите, кои на оваа сребда ги имаше околу 700.000.

Конечно се сретнавме – се зборовите на Папата со кои ги поздрави младите за време на неговиот пречек за Светскиот ден на млади во Краков. Тој изрази благодарност на свети Иван Павле II. што ги започна Светските денови на млади. „Тој не придружува од небото, гледајќи ги бројните млади, припадници на разни народи, култури, јазици кои имаат само еден мотив: да се слави Исус кој е жив меѓу нас – рече Папата прoдолжувајќи:

„Дали има подобра можност за обнова на пријателството со Исус со зајканувањето на пријателството меѓу вас? Дали има подобра можност за зајакнување на пријатслството со Исус, од делење на тоа пријателство со другите? Нема подобар начин да се доживее радоста на евангелието од желбата да се „заразат“ многу болни и во тешки ситуации со радосната вест?“

Светиот Отец рече дека како бискуп во Аргентина научи како „нема ништо поубаво од размислување за желбите, залагањето, стаста и енергијата со кои бројни млади го живеат животот“, а таа убавина настанува „кога Исус ќе го допре срцето на младиот човек“ кој тогаш станува „способен за вистински величенствени дела“. „Црквата денес ве гледа – би кажал уште повеќе – светот денес ве гледа и сака да научи од вас како да ја обнови својата вера во милосрдието на Отецот“ – рече Папата.

Милосрдието секогаш има младо лице затоа што милосрдното срце има храбост да ја напушти комотноста и знае да оди во пресрет кон другите, сите да ги прегрне, знае да биде заштита за оние кои го изгубиле или никогаш немале дом, знае да создаде домашен и семеен амбиент за оние кои мора да емигрираат; способно е за нежност и сочувство. Милосрдното срце „знае да го дели лебот со гладните“, се отвора како би примило бегалци“ – рече папата Фрањо.

Во оваа прилика Светиот Отец истакна дека му е жал кога гледа „млади за кои изгледа дека веќе се во ‘предвремена пензија“, станале пензионери со 23, 24, 25 години“, се откажале или однапред се предале. Жално е да се гледаат млади кои одат со тажни лица, како нивниот живот да не е вреден.“

Светиот Отец напомна дека му е тешко кога гледа млади луѓе како само бараат вртоглава забава на „мрачните патишта“ поради кои на крајот скапо плаќаат; млади кои ги губат своите животи и сила трчајќи по „трговците на лажни илузии“ односно по „трговците со магла“.

Поради тоа драги пријатели, се собравме за да си помогнеме меѓусебно, затоа не сакаме да дозволиме да ни се украде најдборото нешто кое го имаме, не сакаме да дозволиме да ни се украде силата, да ни се украде радоста, со лажните илузии да ни се украдат соновите“ – им порача папата Фрањо на младите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан

За авторот