Папата ги охрабри напорите за помош на инвалидите

Папата Фрањо во сабота 11 јануари ја прими на аудиенција италијанската пратеничка Илеана Арџентин, која е инвалид и е позната по својата компетентност и активност за помош на луѓето во нерамноправна положба. Најпрво таа има работено во Општината на Рим, а сега е пратеник во парламентот.

Ватиканскиот портпарол отец Ломбарди информираше дека Илеана Арџентин најпрво се обрати на Папата со писмо, за да и биде дадена можност да го запознае Светиот Отец со различните проблеми на инвалидите. Во одговорот, Светиот Отец ја покани на разговор, кој се одржа денес во Апостолската палата и траеше околу половина час.

Првата тема со која пратеничката го запозна Папата, беше прашањето со помошта на родителите кои имаат деца со хендикеп. Овие родители живеат со големата загриженост од можноста дека по нивната смрт ќе нема кој да се грижи за нивните деца, бидејќи има бирократски потешкотии грижата да биде преземена од нивните браќа и сестри. Било разговарано и за други други теми, како справување со проблемот за пристапот на инвалидите во различни јавни и црковни структури и згради. Ватиканскиот портпарол истакна дека Папата Фрањо покажал особено внимание и интерес кон кажаното од пратеничката Илеана Арџентин и го изрази своето сочувство и ги охрабри сите иницијативи на луѓето кои свесно се ангажираат и вложуваат напори за решавање на проблемите поврзани со инвалидите.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот