Папата во септември ќе патува во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур
Папата Фрањо ќе го започне патувањето на 2 септемри и ќе трае до 13 септември годинава. Извести директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Прифаќајќи ја поканата на шефовите на државните и црковните власти, папата Фрањо од 2 до 13 септември ќе престојува во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур – соопшти директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни.
Светиот Отец ќе претојува во Џакарта од 3 до 6 септември, во Порт Морезби и Ваним од 6 до 9 септември, во Дили од 9 до 11 септември и во Сингапур од 11 до 13 септември.
Програмата за патување ќе биде објавена подоцна – објави Матео Бруни.
Ватикан њуз