Во четврток, на 16 ноември 2023 година, папата Фрањо се сретна со учесниците на Меѓународниот конгрес посветен на шпанската мистичарка Марија де Жезус де Агреда, монахиња концепционистка, организиран од Папската меѓународна маријанска академија. Папата истакна дека контемплативците не учат дека треба да направиме простор за гласот на Духот
Обраќајќи им се на учесниците на Меѓународниот конгрес, кои го промовираат животот на шпанската монахиња Марија де Жезус де Агреда, папата Фрањо им посака добредојде и го изрази своето воодушевување за програмата организирана од Папската меѓународна маријанска академија.
Осврнувајќи се на извонредниот живот на шпанската мистичарка Марија де Жезус де Агреда, Римскиот бискуп ја истакна важноста на трите лекции што жените и ги нудат на Црквата и на човештвото во целина.
Тишина и слушање
Првата лекција е тишината, рече Папата, нагласувајќи ја важноста да се слуша и да се прифати гласот на Возљубениот, вечното Слово на Отецот. Тој ја истакна уникатната способност на жените да слушаат и нивниот посебен повик да го прават тоа. „Жените знаат да слушаат и имаат посебен повик за слушање“, додаде тој, велејќи дека некои монахињи, дури и без посебно образование, постигнале извонредно познавање на Светото Писмо и црпеле вдахновение од него „како од жив извор“.
Опишувајќи ги како „вљубеници“ во Светото Писмо, папата Фрањо истакна дека оваа љубов го симболизира самиот Христос кој им зборува преку своето Слово, повикувајќи ги сите да го следат примерот на Богородица и да го чуваат во своите срца.
Понекогаш контемплацијата се прави во тишина, пред Господа, во тишина. Во овој свет кој е полн со зборови, вести, целата индустрија на надворешна комуникација; внатрешната комуникација, тишината многу е неопходна.
Создавање простор за Бога со постигнување на екстатично искуство
Во продолжение на својот говор, Светиот Отец се осврна на уште една лекција: мистицизмот, интимниот однос со Бога што произлегува од слушањето и воплотеното проучување на Светото Писмо. Се работи за излегување од себе, од својата удобност и од себичното јас кое секогаш се обидува да доминира со нас. Тоа значи, додаде Папата, да се направи простор за Бога, да се прифати Светиот Дух со послушност.
Таков е примерот на Пресвета Дева Марија, која го прими во своето безгрешно срце, пред да го прими во нејзината девствена утроба. Во оваа смисла, контемплативците преку аскетизам, осаменост и верност нè учат на радоста да живееме само за Него, истакна папата Фрањо.
Посланието на контемплативниот живот
Третата и последна лекција беше фокусирана на посланието, примерот на сестра Марија Агреда и монахињите концепционистки. Светиот Отец го истакна мисионерскиот дух својствен на контемплативниот живот, повторувајќи ги чувствата што подоцна ги истакна Света Тереза од Детето Исуса.
На крајот, правејќи споредба со свадбата во Кана, Светиот Отец ја истакна централната улога на Пресвета Богородица во Христовото откровение. Марија на свадбата во Кана нè учи, додаде Папата, дека е можно да се препознае од каде доаѓа новото вино, од оние кои нè поддржуваат со своите молитви и не градат со нивниот пример.
Пресвета Богородица нè упатува на Синот, заклучи Папата, таа ни го носи Исус, го раѓа во нас и ние мораме да го наследуваме тој прекрасен став, покажувајќи за возврат кон Господа, заклучи Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк