Папата: во пустините на сиромаштвото, волонтерите се знак на надеж и нова човечност

Папата: во пустините на сиромаштвото, волонтерите се знак на надеж и нова човечност

На 9 март 2025 година на плоштадот Свети Петар во Рим се одржа свечена Литургија по повод јубилејот на волонтерите. Поради хоспитализацијата на папата Фрањо, светата Литургија ја предводеше кардиналот Михаел Черни, префект на Дикастеријата за интегрален човеков развој, кој исто така ја прочита проповедта подготвена од Светиот Отец.

Секоја година, постот, забележува Папата, започнува со ликот на Христос кој е одвенен од Светиот Дух во пустината. Ова место на тишина станува простор за слушање и борба: овде се слушаат гласови меѓу кои мора да се направи избор. Во пустината се открива човечката потреба – и материјална и духовна.

Коментирајќи го неделното Евангелие, Папата се задржува на искушенијата со кои се соочил Исус во пустината, каде што беше „одведен од Духот“. Тоа е место, каде што „човекот ја искусува сопствената материјална и духовна потреба, потребата за леб и слово“, тоа е „простор“ низ кој Христос „поминува и не преобразува“. Затоа што во ова „место на тишина“ кое „станува средина за слушање“, слушањето е „ставено на искушение“, а потоа „неопходно е да се направи избор меѓу два сосема спротивни гласови“. Во пустината, Исус доживува глад и е искушуван од зборовите на ѓаволот, но ги отфрла.

Во текстот на проповедта, папата Фрањо ги објаснува „трите карактеристики на Исусовото искушение, а исто така и на нашето: почетокот, начинот, резултатот“ и ги повикува сите да ги споредат „овие искуства“ за да најдат поддршка во сопственото „патување на преобраќање“.

Како вистински човек, Христос доживува глад и откако ќе помине четириесет дена во пост, е изложен на искушенијата на лукавиот. Во овие искушенија се запознаваме и себеси. Се обидуваат да не заведат и нас, но ние не сме сами: Христос не само што дава пример за борба против злото, туку и сила да се издржат искушенија.

Господ свесно оди во пустината, не од самодоверба, туку од доверба во Духот на Небесниот Отец. Нашите искушенија, напротив, доаѓаат неочекувано, нè повредуваат одвнатре, но молитвата „не воведувај не во искушение“ веќе е одговорот: Бог е блиску и се грижи за нас, особено во моменти на тешка борба.

Ѓаволот го искушува Христос во самата Негова суштина – во односот со Отецот, нагласува Папата. Наспроти тоа, Господ го избира патот на целосна доверба во Бог-Отецот. Неговото Синовство не е привилегија, туку дар што Тој го споделува со светот. Човечките искушенија се во спротивност: ѓаволот ни сугерира дека Бог нè напуштил, дека со светот владеат само сурови закони. Но, токму тука Бог станува уште поблизок, давајќи го својот живот за да го откупи светот.

Резултатот од борбата е очигледен: Христос ги победува искушенијата, но борбата продолжува и на Голгота повторно се слушаат гласови: „Ако си Син Божји, слези од крстот“. Во пустината искушувачот е победен, но целосната победа на Христос ќе биде извојувана во Неговата Пасха со смртта и воскресението. Понекогаш паѓаме под тежината на искушенија, но нашиот пораз не е конечен:

Господ секогаш нè воздигнува со Својата милост, а со Него пустината станува пат на надеж и ослободување.

„Следејќи го Господа со вера, од странци се преобразуваме во ходочесници“, а овој пат бара добра волја, поддржана од Светиот Дух, нагласи Папата, обраќајќи им се на учесниците на јубилејното ходочестите на волонтери:

„Ви благодарам многу, драги волонтери, бидејќи по примерот на Исус, несебично му служите на својот ближен. На улиците и во домовите, покрај болните, страдалниците, затворениците, меѓу младите и старите, вашата посветеност влева надеж за целото општество. Во пустините на сиромаштвото и осаменоста, многу мали дела на несебична служба предизвикуваат да процвета ново човештво – градината, која Бог ја зачна и ја негува во Своите соништа за сите нас.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот