Парохот од Аматриче за посетата на Папата Фрањо

Пристигнувајќи во градот Аматриче, Папата најпрво го посети училиштето, после ја разгледа т.н. „црвена зона“, староградските урнатини, а се задржа кратко и во разговор со граѓаните.

Говорејќи за посетата на Папата на настраданите во земјотресот, дон Савино д’Амелио, парох во градската парохија Свети Августин, рече дека доаѓањето на Светиот Отец ги изненади и самите свештеници. Воопшто не знаевме дека ќе дојде. Видовме распоредување на новинарите и други вработени во радио и телевизиските куќи, штом пристигна Светиот Отец се сретна со децата. Тоа беше многу убаво. А потоа бискупот Помпили претстави некои свештеници. Тоа беше неочекуван, изненадувачки гест, сличен на земјотресот кој исто така дојде ненадејно – истакна парохот.

На прашањето дали слушнал што им рекол Папата на децата, појасни дека од возбудување ништо не слушнал и единствено нешто што слушнал од Папата пред да влезе во автомобилот, било: Близина и молитва, тоа е мојот дар за вас – тоа го рече папа Фрањо.

На прашањето за рекацијата на народот на повикот на Папата да се свртат кон иднината, кажа дека сите биле возбудени додавајќи дека е многу важно тоа што Светиот Отец со нив сакаше да ги подели своите чуства. Неговата близина, почнувајќи од децата, беше многу убава – повтори парохот.

На прашањето за тоа како се чуствувале граѓаните после заминувањето на Папата, рече дека луѓето после вакви настани се враќаат во нормален живот, соочувајќи се со вистината. Вистината сè повеќе се комплицира, затоа што некои во голем страв се враќаат во татковината. Синоќа земјата пак се тресеше; луѓето спијат со „едното око отворено“, подготвени за бегство. Има и тешки ситуации; некои не знаат каде да одат; каде да се сместат – истакна парохот додавајќи дека зборовите на Папата може да има помогнат на луѓето да гледаат со надеж за иднината. Повикани сме на средба со надежта која потече од зборовите на Папата – заклучи дон Савино д’Амелио на крајот на краткиот раговор.

Папата после двочасовната средба со старите лица во Борбон, кратко се задржа во населбата Цитареале, централна област, погодена од земјотресот, после што се упати во Акумоли, една од најнастрадените населби каде што се помоли пред урнатините на црквата Свети Фрањо. Од таму, папа Фрањо отпатува во Пескару дел Тронто, каде што во три прилики застана, поздрави и разговара со мали групи на луѓе.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот