Папата во Неделата на маката Господова: Да молиме за благодата на чудењето

Папата во Неделата на маката Господова: Да молиме за благодата на чудењето

„Ако верата го загуби чудењето станува глува и прибегнува кон клериклизам и легализам.“ На светата Литургија која ја служеше во базиликата Свети Петар на 28 март 2021 година, во Неделата на маката Господова папата Фрањо ги поттикна верниците да молат за милоста на чудењето пред Христос Кој на крстот чувствува дури дека Бог го напуштил, но нас нѐ откупува и ја победува смртта. Палмата на победата – рече Папата, поминува преку дрвото на крстот.

Повикот до верниците пред Христовата љубов да започнеме да се чудиме, папата Фрањо го упати од олтарот на базиликата Свети Петар, за време на Евхаристиското славење на Неделата на маката Господова со која започнува Страсната седмица, време во кое Литургијата нѐ придружува од радоста да го дочекаме Исус Кој влегува во Ерусалим јавајќи на магаре до жалоста гледајќи го осуден. Со благодата на чудење сфаќаме дека прифаќајќи го оној кој е отфрлен, Го љубиме Исуса – рече Папата и додаде: Затоа што Он е во оние кои нашата фарисејска култура ги осудува.

Да тргнеме од чудењето; да го погледнеме Распнатиот и да Му кажеме: „Господи колку силно ме сакаш! Колку сум скапоцен за Тебе!“ Да дозволиме Исус да нѐ зачуди за да се вратиме на животот затоа што големината на животот не е во поседувањето и самопотврдувањето, туку во тоа да откриеме дека сме љубени. Тоа е големината на животот: да откриеме дека сме љубени. Големината на животот е токму во убавината на љубовта. Во Распнатиот Го гледаме Бог понижен, Семоќен Кој е отфрлен. Со благодатта на чудењетп сфаќаме дека прифаќајќи го оној кој е отфрлен, приближувајќи се до оној кој животот го понижува, Го љубиме Исус; затоа што Он е во последните, во отфрлените, во оние кои нашата фарисејска култура ги отфрла – истакна Папата.

Пример за чудење е римскиот стотник кој гледајќи Го Исуса како умира, но и понатаму целиот измачен продолжува да сака, ја исповеда својата вера: Навистина овој човек беше Син Божји. Божјата победа е во крстот; ги разочарува оние кои ја следеле „замислата за Месија, кој не е Месија“, кој очекувале со меч победа, победа над Римјаните; чуди затоа што Бог се објавува и царува само разоружувачката сила на љубовта. Ако верата го загуби чудењето станува глува прибегнува кон клерикализмот и легализмот. Чудењето е поинаку од восхитувањето на светот. И денес многу се восхитуваат на Исус: убаво зборувал, љубел и простувал; неговиот пример ја променил историјата. Му се восхитуваат но нивниот живот не се менува. Бидејќи не е доволно да се восхитуваш на Исус. Треба да Го следиш на неговиот пат, да дозволиш да нѐ доведе во прашње; потребно е да преминеш од восхитување во чудење.

Нѐ чуди да го видиме Семоќниот целосно уништен; да го видиме Царот на царевите чиј престол е дрвото на крстот, луѓе кои од величањето на Исус преминуваат на извиците: распни Го! Но, зошто сето тоа понижување? – праша Папата и одговори, за до крај да ја допре нашата човечка реалност, за нас да нѐ не остави сами, за да нѐ спаси. Исус во своето тело ги чувствува нашите најболни противречности, и така ги искупува, ги преобразува. Затоа треба да му дозволиме Божјата љубов да нѐ допре, да ја потресе нашат вера ослабена од навиките, нашиот живот парализиран од жалењето и незадоволствата, потребно е да се отвориме на Духот и да Го молиме за благодатта на чудење.

Неговата љубов се приближува до нашите слабости, достигнува до таму каде најмногу се срамиме. И сега знаеме дека не сме сами: Бог е со нас во секоја рана, во секој страв; ниту едно зло, ниту еден грев го немаат последниот збор. Бог победува, но палмата на победата поминува преку дрвото на крстот. Заради тоа палмите и крстот се поврзани – истакна папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот