Папата: Во најсиромашните да го гледаме лицето Христово

Папата ги поздрави учесниците на 45-тата кампања „Más por menos“, во која секоја година со конкретна солидарност за најсиромашните во земјата учествуваат и аргентинските католици. Овогодинешното собирање на милостиња се одвиваше под мотото „Ти благодарам на твојата помош.“

Во пораката која ја потпиша Папскиот државен секретар Пиетро Паролин упатена на епископот Ањатуј и преседателот на Епископскиот совет за помош на сиромашните на покраината Адолфо Арманд Уроини, Папата поттикнува, Исусовиот повик да бидеме сол на земјата и светло во светот да се живее со едноставни и вистински гестови, сведочејќи ја верата, братската љубов и делењето со оние во потреба, гледајќи го во нив Христос – пишува Светиот Отец.

Папата освен тоа поттикнува и постојано да се моли за него и неговото служење на Црквата, а на мајчинското застапување на Нашата Богородица од Лухан ги доверува плодовите на овој заслужен потфат како и сите оние кои во него учествуваат.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот