Папата во Наполи се сретна со затворениците

Светиот Отец, по литургијата во сабота 21 март, а по повод апостолското патување во Наполи, го посети локалниот затвор „Џузепе Салва“, каде имаше средба и ручек со затворениците.

По тој повод двајца затвореници му поставија прашања: едниот од нив, кој претходно во затворот се преобратил, го праша како може да продолжи да расте во верскиот живот кога ќе биде на слобода, а другиот го запраша дали кога ќе биде на слобода ќе биде прифатен, со оглед дека доживотно ќе биде обележан поради престојот во затвор.

Одговарајќи спонтано на првото прашање, Светиот Отец истакна дека зачувувањето на верата не е лесно, но не е невозможно. Сржта на христијанскиот морал не е во тоа да не се падне, туку во тоа веднаш да се подигне, како што уметноста на искачување не е во тоа да не се падне, туку да не се остане на подот. Сите ние во животот сме грешеле, сите освен Господ. Ова звучи грдо, но никој не може да каже дека не заслужил да биде затворен, рече Папата и додаде: „Сите сме грешеле, јас прв“. На можното прашање „зошто тогаш јас завршив во затвор“ или „зошто тоа токму мене ми се случува“, Папата го даде следниов одговор:

„Тоа се необјасливи работи во животот и така тоа се и случува, зар не? Јас зборував дека животот треба да го сфатиме како фудбалски голман кој ја фаќа топката: од каде доаѓа? Доаѓа така, еднаш на еден начин, другпат на друг, но тој, голманот ја фаќа штом доаѓа. И секогаш ќе станува и ќе оди напред, така ли?“

На второто прашање кое се однесуваше на неприфаќањето кога затвореникот ќе излезе од затворот, Папата потврди дека тоа е „голема неправда“ и потсети дека првиот христијански светец беше разбојник, распнат од десната страна, веднаш до Исус. И нему, Исус му рече: „Уште денес ќе бидеш со мене во рајот“. Затоа никој од нас нема право да не и заборави на една личност која веќе платила, која има побарано простување од општеството“.

Во својот говор, пак, Светиот Отец истакна дека Бог своите деца никогаш не ги напушта, туку дека секогаш е со нас, посебно во искушенијата. Ако имаме погрешено во животот, Господ не се уморува да ни укажува на патот на обраќање и средбата со него. Наша основна сигурност е дека нас ништо неможе да не раздели од Божјата љубов, па дури ниту затворските решетки. Единствено нешто што може од Него да не раздели е нашиот грев, меѓутоа искрената исповед станува место на средба со Господ, истакна Светиот Отец.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот