Папата Фрањо од Токио во Нагасаки пристигна околу 9.30 часот. Пред споменикот на мирот во сеќавање на жртвите на атомските бомби го пречека мноштво луѓе. Папата се обрати со силни предупредувања, истакнувајќи дека мирот не се гради на стравот.
Мирот и меѓународната стабилност се неспоиви со било кој обид за градење на страв од меѓусебно уништување или закана за целосно уништување – рече папата Фрањо во Нагасаки на 24 ноември пред Споменикот на мирот. Возможни се единствено ако појдуваат од глобалната етика на солидарност и соработка. Затоа никогаш нема да биде доволно да се дига глас против трката за вооружување која користи средства, скратувајќи го развојот на народите и заштитата на животната средина.
Во денешниот свет каде милиони деца и семејства живеат во нечовечки услови, парите кои се трошат за модернизација и одржување и богатството кое се заработува од производството и продажбата на оружје кое е сѐ повеќе уништувачко, се постојани напади кои викаат во небо – рече Папата и истакна: Иако милиони луѓе се стремат за свет без нуклеарно оружје, за тоа да се оствари потребна е соработка на сите; поединци, верски заедници, граѓани, држава, воени и приватни структури, како и меѓународни организации.
Уште во 1963 година енцикликата „Pacem in terries“ на свети Иван XXIII бара забрана на атомското оружје – потсети Светиот Отец и напомена: Вистинскиот и траен мир не може да почиваат на рамнотежата на воените сили, туку само на взаемната доверба. Потребно е да се разбие динамиката на недоверба која моментално преовладува и која ја доведе во опасност меѓународната контрола на вооружувањето. Сведоци сме на слабеењето на мултилатеризмот и уште повеќе на развојот на новите технологии на вооружувањето.
Католичката Црква од своја страна неотповикливо е ангажирана за промовирање на мир помеѓу народите и државите – рече папата Фрањо и продолжи: Тоа е обврска која ја чувствува пред Бог и пред сите луѓе на оваа земја и од тоа произлегува поддршката на правните инструменти и договори за разорожување и неширењето на нуклеарно оружје. Со уверување дека светот без нуклеарно оружје е возмоможен и потребен, апелирам до политичките лидери да не заборават дека тоа не нѐ брани од заканите на националната и меѓународната безбедност во нашето време.
Мора да ги разгледуваме катастрофалните последици од употребата на тоа оружје во однос на луѓето и животната средина, откажувајќи се од зајакнувањето на атмосфера на страв, недоверба и непријателство кои ја поттикнува нуклеарната доктрина – рече Папата и додаде: Светиот папа Павле VI во 1964 година предложи на најсиромашните да им се помогне преку Светски фонд кој би се одржувал токму од еден дел од воените издатоци. Сите треба да се вклучат во создавањето на средства кои ја гарантираат меѓусебната доверба и развој. Потребно е да се потпреш на луѓе кои имаат водечка улога и одговорност.
Никој не може да биде рамнодушен кон болката на милиони луѓе кои сѐ уште и денес ги погодува нашите совести. Никој не може да биде глув на крикот на браќата кои викаат заради своите рани. Никој не може да биде слеп пред рушевините на културата која е неспособна за дијалог. Обединете се во молитвата за да победи културата на животот, помирувањето и братството. Треба да се има доверба во Бог – заврши Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк