Папата во Коломбо го прогласи Хозе Ваз за светец

Околу 500.000 илјади верници присуствуваа на Мисата на 14 јануари 2014 година за канонизација на Хозе Ваз, првиот светец од Шри Ланка.

Прославата е одржана во Гале Фасе Грин во Коломбо, градски парк кои се протега на површина од шест километри покрај Индискиот океан. Со долг аплауз мноштвото верниците го проследија читањето на формулата, со која папата Фрањо го прогласи новиот светец роден во Индија, во португалско семејство, а кој во Шри Ланка дојде за да ги подржи католиците за време на прогонствата од страна на холандските калвинисти. Папата Иван Павле II го прогласи за блажен во јанаури 1995 година.

Свети Хозе Ваз е поттик на постојаност на евангелскиот пат, тој е водач за сите оние кои го следат свештеничкиот пат, како и пример „за да се надминат верските поделби во служба на мирот“.

Неколку часа по апелот на Папата до верските водачи да не прават од верата оружје, повторно повика на единство, како во името на религиите не би се продложило да се вршат насилства.

Прогласувањето на една таква примерна личност, која „нѐ учи да излеземе на периферијата, за да се навести Исус Христос и да се љуби насекаде“. Мисионер, кој како нас „живеел во период на брза и длабока промена: католиците биле малцинство и често поделени меѓу себе, имало непријателства, па дури и прогонства од надвор. Папата порача дека неговата љубов кон Бог и ближниот и неговата преданост и денес е пример за Црквата во Шри Ланка за нејзиното служење „не правејќи разлика на расата, верувањето, племенската припадност, општествената положба или религија“.

Верската слобода е основно човечко право. Секој поедеинец мора да биде слободен, сам или заедно со другите да ја бара вистината, отворено да се изразува своето верско уверување, без застрашување и надворешни ограничувања. Како што научивме од животот на Хозе Ваз, вистинското поклонување на Бог доведува не до дискриминација, омраза и насилство, туку до светоста на животот, почитување на достоинството и слободата на другите и преданост кон доброто за сите со љубов“, порача Светиот Отец.

Хозе знаел како да се понуди вистината и убавината на евангелието во мултирелигиската средина со почит, предаденост, истрајност и понизност. Тоа е начинот на кој се повикани да го прават и денес следбениците на Исус. Повикани сме да „излегуваме“ со истата ревност, со истата храброст (…). Ние сме повикани да бидеме ученици мисионери“, заврши папата Фрањо.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот