На враќање од Ирска, папата Фрањо одговраше на прашања од новинарите во авионот. „Во Ирска видов голема вера,“ рече папата Фрањо на крајот од својата дводневна посета на земјата на светците и научниците.
Една од првите теми на разговорот со новинарите беше за миграцијата и конкретно за случајот со бродот „Дичоти“, кој завршил среќно по десетдневниот престој во пристаништето на Месина. Дел од 150 мигранти на бродот ќе бидат пренесени во Албанија, Ирска и Црна Гора, а другиот дел од епископска конференција на Италија. На прашањето дали интервенирал во случајот, Папата одговори негативно, истакнувајќи ги напорите на Дон Алдо Боњато од фондацијата Иван XXIII и кардиналот Басети. Папата Фрањо истакна колку е важно мигрантите да се интегрираат и да го научат јазикот. „Видов видео кое покажува што се случува со оние кои се враќаат назад и за односот на шверцерите – рече Папата. Болно е да се види како се мачат овие луѓе. Затоа мора добро да размислиме дали да бидат вратени назад. Папата го посочи моделот на Шведска, кој ја достигнува границата на можностите за прием на мигранти, бидејќи нема можност за нивната интеграција. „Претпазливоста е добродетел на владетелот: претпазливост за бројот и можноста за интеграција. Земјата која не може да интегрира подобро е да не прифаќа. Методот е оној на дијалогот.“
Папата Фрањо упати критика и за работата на медиумите за судење на луѓето пред да се утврди одговорноста. Папата го спомна случајот за групата свештеници од Гранада обвинети за педофилија од студент, кој напишал писмо до Папата дека е жртва на насилство. Понизноста што ја претрпеле свештениците се покажала како сурова неправда, бидејќи подоцна биле прогласени за невини од законската правда. Оттука повикот на Папата до новинарите: „Вашата работа е деликатна, треба да ги кажувате работите секогаш со презумцијата за невиност, а не за виновни. Едно е да информираш, а друго е да се прави истрага како Шерлок Холмс.“
Во однос на обвинувањата на поранешниот нунциј во САД Карло Марија Вигано, папата Фрањо одговори: „Ќе ви кажам искрено: прочитете го внимателно документот и направете лична проценка. Јас нема да кажам ниту еден збор за тоа прашање. Мислам дека документот зборува само по себе. Имате доволно новинарска способност за да извлечете заклучоци со вашето професионално искуство.“
Ватикан њуз/к.мк